Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олимпискиот комитет забранил фотографии на социјалните мрежи кои ги смета за спорни?!

0
By НОВА ТВ on July 21, 2021 СПОРТ
Photograph: Masashi Hara/Getty Images
Photograph: Masashi Hara/Getty Images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Токио 2020 им забраниле на своите вработени што ги одржуваат социјалните мрежи да објавуваат фотографии од спортисти клекнати на колена, пишува Гардијан.

Извор на медумот открил дека ваквата насока е доставена од највисоко ниво, особено по фудбалскиот натпревар  меѓу тимовите на женските репрезентации на Велика Британија и Чиле, кој е прв одигран пред официјалниот старт на Олимпијадата.

Како репрезентативките од двата тима се клекнати, во знак на протест против расизмот и омразата на интернет, беше пренесено во живо на телевизија, а истиот гест потоа го направија и фудбалерките на САД и Шведска.

Сепак, ниту една од овие моќни фотографии што испраќаат порака не беше објавена на официјалниот блог „Токио 2020“, или пак на профилите на Фејсбук, Твитер или на Инстаграм, каде има повеќе од половина милион следбеници. Фотографија од овој настан не се прикажа на ниту една социјална мрежа на Меѓународниот олимписки комитет.

Изворот за Гардијан открива дека ставот на МОК е неочекуван, со оглед на фактот што организацијата користела слики на протест – вклучително и Томи Смит и Џон Карлос, кои своевремено кренаа тупаници во знак на протест против нелојалниот третман кон црнците во САД на Олимписките игри во 1968 година.

Одлуката за забрана за фотографии на спортисти на колена е донесена и покрај неодамнешната измена на правилото 50 на МОК, кое претходно им забрануваше на спортистите да вршат какви било „демонстрации на политичка, религиозна или расна основа на Олимписките игри“.

Сега, пак, е дозволен мирен протест на теренот, под услов тоа да се направи без нарушувања на играта и со почит кон колегите натпреварувачи. Сепак, сè уште се можни казни за какви било протести направени на подиумот за медали.

Говорејќи по натпреварот против Чиле, Стеф Хаутон, една од натпреварувачките на Велика Британија, рече дека одлуката за гестот со клекнувањето е поддржана од целиот состав. „Како играчи на Велика Британија земавме решение да застанеме на колено, исто како и на останатите натпреварите, со цел да покажеме поддршка за жртвите на дискриминацијата и нееднаквост“, додаде Хаутон.

Од МОК не одговориле директно на прашањата на Гардијан дали и зошто има ваква забрана за социјалните мрежи,но единствено кажале дека „сигналот се дистрибуира до сите радиодифузери ширум светот кои имаат огромна публика пред ТВ-екраните“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.