Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олимпискиот оган од Атина замина за Пекинг за Зимските олимписки игри

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Олимпискиот оган е подготвен да го започне патувањето од Атина за Кина за да стигне на Олимпискиот стадион во Пекинг за свеченото отворање на 24-те зимски олимписки игри. Уникатниот оган ќе ја пренесе пораката на мир и пријателство, рече претседателот на грчкиот олимписки комитет Спирос Капралос на свечената церемонија во Атина, кусо, пред олимпискиот оган да му го предаде на потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“ Ју Зајчин, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган што вчера беше запален во античка Олимпија, денеска им беше предаден на организаторите на Зимски олимписки игри “Пекинг 2022”, а во текот на денот, авионски ќе стигне во Кина.

Традиционалната церемонија на античкиот олимписки стадион „Панатенаик“, каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, поради пандемијата беше без публика, а присутни беа само официјални лица и претставници на медиумите.

Олимпискиот оган во текот на вечерта беше на Акропол, а на стадионот, го внесе грчката олимписка шампионка Еви Моратиду, по што следеше штафетно предавање на уште две олимписки шампионки.

На манифестацијата во Атина, присутни беа и вицепремиертот и министри од грчката Влада, како и атинскиот градоначалник, а свои обраќања имаа претседатот на грчкиот олимписки комитет Спирос Капралос и потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“Ју Зајчин.

Капралос истакна дека олимпискиот оган ја помина ноќта на Акропол и оттаму „го испрати својот моќен сјај до 206 земји – членки на Меѓународниот олимписки комитет“.

– Пекинг прави историја со тоа што стана првиот град домаќин и на летните и на зимските олимписки игри. И ние сме многу среќни, бидејќи со предавањето на огнот и ние стануваме дел од оваа историја. Од овде, од стадионот Панатенаик, каде што се одржаа првите Олимписки игри од модерната ера во 1896 година, ви ја доставуваме светата светлина на Олимпизмот. Да го пренесете во вашата далечна, но убава земја, да го продолжи остатокот од патувањето, испраќајќи пораки за мир, пријателство и братство и солидарност. И можеби пандемијата не спречи да ги одржиме церемониите на олимпискиот оган во присуство на публика, но сигурен сум дека успешната и безбедна организација на Игрите, ќе биде уште една победа за човештвото против коронавирусот, рече Капралос, посакувајќи им успех на организаторите.

Претставникот на организацискиот комитет на ЗОИ, истакна дека пред 13 години, на 30 март 2008 година, олимпискиот оган за првпат пристигна во Пекинг, а Кина, продолжува да ги промовира олимпискиот дух и олимписката култура.

– Олимпискиот оган, по втор пат ќе биде пренесе во Пекинг. Како симбол на олимпискиот дух, олимпискиот пламен ќе патува до Кинескиот ѕид и низ други делови на Кина, со што ќе донесе светлина на мирот и пријателството. Пандемијата на Ковид-19 се уште е нескротлива во светот. Според принципот секогаш да ги ставаме животите и здравјето на луѓето пред и во центарот, ќе имаме различен, но иновативен олимписки оган и штафета на Олимписки факел, која ги комбинира традицијата и реалноста, откри Зајчин.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.