Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омаж на маестро Џамбазов со оркестарот на Филхармонија

0
By Соња Крамарска on October 31, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија „Баланс-МК“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и други, како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и други, во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

концерт маестро Александар Џамбазов Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.