Бројот на Сиријци кои ја напуштиле земјата од почетокот на граѓанската војна која почна пред 2 год. се искачи на 1 милион, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН, јавува Си-Ен-Ен.
Таа бројка е 5% од целокупното население на Сиријата, со просечно околу 1,400 бегалци дневно. Оваа трагедија мора да престане, Сирија се движи кон катастрофа, изјави Високиот комесае за бегалци Антонио Гутерес.
Најголем дел од нив избегале во Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет. Многу дошле истрауматизирани, без сопствени работи, со изгубени членови на семејствата. Половина од нив се деца, мнозинството под 11 години.