Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост од насилствата во Египет каде четири лица беа убиени вчера за време на исламистички демонстрации.
Тој ја нагласи неопходноста демонстрациите да бидат мирни, да се почитува слободата на собирања и ненасилство – изјави негов портпарол Мартин Несирки.
Според него, Бан одново настојува за политички процес во кој ќе бидат вклучени сите, почитување на правата на човекот вклучително и за приведените. Нови демонстрации се очекуваат утре во Египет.