Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Загриженост за случаите Младенов и Кежаровски

0
By Нова ТВ on June 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот известувач на ОН, Франк Ла Ру деновиве ги истражува случаите: загинувањето на Никола Младенов и притворот на Томислав Кежаровски, дознава НОВА.

Ла Ру е во посета на Македонија до петок и во серијал средби со надлежните институции, претставниците на законодавната и судската власт, потоа со невладини организации и новинари, со цел да се информира за состојбата на медиумите:

-Имам намера да се информирам за состојбата на слобода на изразување во земјата, независноста на медиумите, безбедноста на новинарите, како и напорите да се спречи говорот на омраза, изјави Ла Ру, според официјалниот веб-сајт на ОН.

Тој е во посета земјата на покана на Владата на Република Македонија.

Извештајот на специјалниот известувач на ОН ќе биде претставен Советот за човекови права на ОН во јуни 2014 година.

Досега, скопското Обвинителство немаше одговор на прашањето до каде се со истрагата за загинувањето на Никола Младенов.

НОВА неколку пати се обидува да ја контактира обвинителка Жаклина Крстевска-Георгиевска, но секретарката во скопското обвинителство тврди дека обвинителката е на судење и оттука, комуникацијата стигнува само до секретарката.

Обвинителството го презеде предметот за Младенов на 11 април, после два дена откако истражниот судија Јосифов ја затвори истрагата и информираше дека веќе следната недела по преземањето на случајот ќе има информации од нивна страна, што тоа досега не се случи.

Постојат две опции: Обвинителството да го констатира претходниот заклучок на истражниот судија дека се работи за класична сообраќајна несреќа или доколку има поинакви индиции, дека се работи за насилна смрт, да побара дополнителна истрага после што би следувала класична кривична истрага.

Најинтригантен податок во оваа истрага е прашањето за мобилниот телефон на Младенов, за кој портпаролот на Кривичниот суд Владимир Туфегџиќ за НОВА, на 9 април рече не е предмет на анализа.

За листинзите од разговорите на мобилниот Туфегџиќ исто така рече дека не е информиран.

Изворите на НОВА, потврдуваат дека надлежните институции инволвирани во истрагата не контактирале со семејството на Младенов, ниту пак со неговите најблиски соработници.

Веднаш по загинувањето на Младенов, НОВА постави неколку прашања до истражните органи кои до денес не се одговорени:

-Како е можно Младенов да е лоциран преку мобилниот телефон, а телефонот да не е пронајден?

-Дали се побарани телефонските листи од неговите разговори непосредно пред несреќата за да се види каде бил Младенов?

-Зошто не се контактира со најблиските, од семејството и соработниците?

-Како е воден случајот од истражниот судија ако се имаат во предвид текстот во Нова Македонија во кој новинарите тврдеа дека самите наоѓале докази- белешки од патарини и делови од автомобилот.

Главниот и одговорен уредник Јадранка Костова исто така информираше дека нашла делови од Мерцедесот на Младенов, заедно со Проф. Мимоза Ристова, која дополнително во дебата на НОВА ја анализираше истрагата, со оглед на фактот што е форензичар

-Како телото на Никола Младенов завршило надвор, на десетина метра од автомобилот и уште поапсурдната информација, како летнало од задното стакло? Експерти во јавноста веќе излегоа со тврдења дека праксата не познава излетување од задно стакло.

– Кога надлежните органи ќе ја покажат скицата на движење на автомобилот но и техничките перформанси на Мерцедесто за време на несреќата?

Начинот на кој е водена истрагата за Никола Младенов беше тема и во интервјуто на ВОА со Карин Карлекер од Фридом Хаус, за што вели дека Фридом Хаус e загрижена како властите постапуваат во такви случаи.

Што се однесува до случајот Кежаровски и покрај апелите на домашните и странските медиумски организации, тој останува во притвор.

„Јас сум невин! Не сум сторил ништо! Многу ме посрамотија и мене, но и вас, моите најблиски“, и’ рекол новинарот Томислав Кежаровски на својата сопруга при посетата во затворот во Шуто Оризари, објави Утрински весник минатата недела

Средбата помеѓу новинарот Кежаровски и неговата сопруга Марина траела дваесетина минути.

„Не знам што очекуваат од мене? Веројатно очекуваат дека треба да завршам како колегата Владо Таневски? Јас им кажав дека мене ќе ми судат судии, но ним ќе им суди Господ“, и’ рекол Кежаровски на првата средба на сопругата откако пред точно една недела му беше изречен 30-дневен притвор поради сомневање дека пред пет години открил идентитет на лице кое во судска постапка имал статус на заштитен сведок.

„Беше тоа мачна средба. Со Томче се видовме прв пат по упадот на маскираните полицајци во нашиот дом кога дојдоа да го приведат. Јас се интересирам и го прашувам камо му е, а тој се интересира за нас, домашните. Можеби сто пати ме праша како е ќеркичката – неговата миленичка“, раскажува Марина Кежаровска и вели дека многу му значи што таа мисли на него. Ми вели дека постојано кога девојчето ќе видеше некое апсење на телевизија, и’ објаснувал дека луѓето под маски се добри и дека тие се борат против криминалот, а сега тие исти луѓе со маски дошле по него… Нему сега најголем проблем му е да и’ објасни на ќерката дека тој не е криминалец и дека не сторил ништо лошо. Му реков да не се грижи за нас и да се гледа себеси. Му кажав дека ние сме горди на него и дека за нас, домашните, за неговите колеги и пријатели тој е невин и дека поддршка добива од сите страни, а најмногу од новинарите,“ изјави Кежаровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.