Дел од биолошката терапија на клиниката за онкологија повторно ја нема, алармираат онколошките пациенти. Проблемот со редовноста на терапиите се провлекува со години наназад заради бирократските процедури при тендерските набавки.
Онколошките пациенти бараат од здравствените власти да се направат промени во системот со кои нема да се јавува недостиг на лекови.
Од клиниката за онкологија потврдуваат дека достапноста на биолошката терапија е поврзана со административните процедури, но и дека буџетот од претходната година не соодвестува со потребите на клиниката. Менаџментот тврди дека веќе се преземаат мерки за подбро планирање на набавките и поедноставување на процедурите.
Според статистиката, постојано се зголемува бројот на пациенти на клиниката. Годишно во земјава околу 6.000 луѓе се дијагностицираат со рак.