Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Онлајн илузорна реалност: „Дани, секоја чест“

21
By Нова ТВ on June 22, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На социјалните мрежи постојано се појавуваат едни исти коментари на поддршка, под постовите на владините функционери или пак провладини јавни личности. Дали оваа пракса е организирана од владејачката партија, со цел да се добие илузија на поддршка од граѓаните?

„Дани секоја чест, само така“. Ова е коментарот кој се појави на Фејсбук страницата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, под една од објавите на истиот профил, во која е постиран нејзин говор од Собранието насловен „Рангелова кон СДСМ, вас ќе ви судат идните генерации“.

Социјалните мрежи експлодираа со хумор за тоа како пратеничката Рангелова самата себеси се фали за својата работа. Граѓаните се чудат како е можно од истиот профил на Рангелова каде се објавуваат постови поврзани со партијата и нејзините активности, да се објави коментар за поддршка на самата Рангелова.

Се шпекулира дека можеби Рангелова има повеќе Фејсбук профили, па заборавила да направи промена на профилот, пред да си даде поддршка сама на себе.

Даниела Рангелова на Фејсбук има две страници, како пратеничка во Собранието и како Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ каде вкупно има околу 24 илјади фанови. Откако вчера и утрово граѓаните масовно постираа шеги за онлајн гафот, објавата исчезна од страницата, заедно со коментарите. Но останаа принстскриновите од ситуацијата, кои не престануваат да добиваат нови хумористични мемиња.

Иако на страниците на Фејсбук постојано се објавуваат фотографии, слики и детали од активностите на пратеничката, Рангелова за НОВА вели дека овие два профили не се нејзини и страниците ги води некој друг.

„Мене сето ова ми е смешно, најверојатно е некој од партија. Не зборувам за официјални администратори, бидејќи ова не е мој официјален профил. На официјалните профили од нашата партија може да видите назнака дека се официјални, а јас лично не почитувам социјални мрежи, ниту сум дел од ова. Обратете се до Фејсбук“, изјави Рангелова.

Сепак, постот на Рангелова исчезна веднаш откако започна исмејувањето на социјалните мрежи.

„Одличен проект“

Но, гафот со коментарот за поддршка на Рангелова не е прв случај кој во јавноста предизвикал исмејување за поддршката која се појавува на социјалните мрежи за политиките на владејачката партија или пак провладините јавни личности.

На социјалните мрежи постојано се појавуваат едни исти, некогаш идентични коментари, под постовите на владините и партиските функционери, или пак провладини јавни личности.

Пред само неколку дена на Фејсбук се појави принтскрин од една од владините страници, каде повеќе различни луѓе ги оставаат истите зборови на поддршка, едно под друго – „одличен проект“.

Слична е ситуацијата и на Фејсбук страницата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, каде зборовите „Одлични вести“ во различни верзии, се едни од најчесто постираните под објавите.

odlicni-vesti2

Пред две години беше актуелна шегата „Тони ти си цар“, откако медиумите објавија дека вработените во државната администрација примиле мејлови од непознато лице со инструкции да даваат позитивни коментари на настапот на актерот Тони Михајловски на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Примачите кои имаат мејл-адреса со владин домејн, а каква што имаат повеќе државни институции, во своето инбокс-сандаче примале линкови од текстови на порталите каде што се известуваше за стенд апот на Михајловски со следната содржина: „Да се пишува позитивни коментари за Тони Михајловски на следните линкови, да го одбраниме јако.“ Понатаму се упатува примачот да го споделува видеото од настапот на Конвенцијата со позитивни коментари „Тони ти си цар“, „Браво мајсторе“, „Најјак си Тонка“, „Со тебе сме“, „Ти си шампион“. Интересно е што од истиот датум кога е испратен мејлот до членовите на администрацијата, нагло почнува да расте бројот на коментари на наведените статии, а коментарите се поддржувачки и навистина се состојат од тие реченици за кои се дадени инструкции во мејлот“, пишуваше тогаш веб порталот „Плусинфо“.

„СЈО во ѓубре“

Но не се постираат само позитивни коментари за политиките на ВМРО-ДППМНЕ. Дел од најактивните партиски онлајн поддржувачи постојано коментираат и постираат и осуди за СДСМ, невладините организации, како и новоформираната институција Специјално обвинителство. „СЈО во ѓубре, таму им е местото“, „соросиди“, „Заев Муртино“ се коментарите кои често може да се видат на социјалните мрежи.

Под една објава на критично настроениот младински медиум „Радио МОФ“ на пример, која нема никаква допирна точка со политика, се појавија неповрзани клучни зборови, постирани без да бидат употребени во контекст.

„СДС, СОРОСОИДИ, ЛОПУЖЕ ЗА КОНЕЧНО ЦРПКО ЗАЈКО, КИРАЏИКА ЧЕЌЕРКА, ТЕХНИЧКИ ОЛИВЕР, ЧАУШОТ, КОДОШ, МИЛЧИН, ЛОПУЖА, ФАШИСТ И ЦЕЛАТА БАГРА СДС СОРОСОИДСКА ВО ИДРИЗОВО“

Radio MOF

Сите овие примери неизбежно водат кон поставување на прашањето – дали оваа пракса е организирана од владејачката партија, со цел да се добие илузија за нејзина поддршка меѓу граѓаните.

Авторитарните режими – опседнати со поддршка

Според Жанета Трајкоска од Високата школа за новинарство и односи со јавност, очигледно е дека се работи за организирана акција.

„Тоа лесно и се забележува има и сведоци, а и учесници кои се натерани да ги преземаат коментарите испратени од центрите за комуникција и информирање и да ги постираат како свои. Затоа и коментарите се исти, затоа што дел од овие коментари се ставаат технички, од луѓе кои мора да ги стават на својот профил, бидејќи работат во јавна администрација или чекаат работа…Едноставно, бидејќи или имаат интерес или мака, па мора да се послушни „поддржувачи“ на политиките на владеачките партии. Оваа пракса не е измислена кај нас, но за наша среќа кај нас таа лошо се спроведува, па секој со малку знаење и критички ум знае дека овие коментари се обична лага и обид да се влијае врз јавното мислење“, вели Трајкоска.

23244543

Таа објаснува дека во авторитарните режими освен што се прават дигитални стратегии за комуникација со јавноста, се создаваат и манипулативни стратегии за влијание врз граѓаните со креирање на вештачка поддршка и величање на работата на вождот и неговите политики.

„Авторитарните режими во својата суштина се режими кои имаат силна контрола врз секој дел од животот на луѓето, оти на тој начин опстојуваат. Затоа и кај нас се случи традиционалните медиуми да се корумпираат, купат или поробат, а се создадоа и еден куп квази интернет портали кои служат единствено за да пренесуваат полувистини и пропаганди пораки за власта. Од друга страна, социјалните мрежи се преплавија со лажни профили кои треба да ја величаат работата на Владата и да не убедат дека на сите ни е убаво и живееме во демократија. Специфичноста кај нас е освен што имаме ботови кои се создаваат за да ги пренесуваат овие пораки кои центрите за комуникации решиле дека тие треба да се главните пораки на денот, ние имаме и вистински, реални луѓе кои добиваат инструкции што и каде да коментираат“, вели Трајкоска.

Сега е можно еден човек да „раководи“ со десетици, а со помош на софтверски решенија и со илјадници лажни профили на социјалните мрежи, вели за НОВА стручњакот за дигитални комуникации од БИРН, Зоран Ричлиев.

timthumb.php

„Можноста за неограничено создавање виртуелни идентитети, т.е. фантоми и опциите за злоупотреба се особено интересна алатка за сите што сакаат да влијаат врз јавното мислење, особено политичките партии. Очекувам во наредниот период овие неетички девијации да се зголемуваат, особено во предизборни периоди. Не сум сигурен колку нашите партии имаат стратегии за социјалните мрежи, но забележливо е агресивно бранење на провладини ставови, односно дека владеачката партија е далеку поактивна во мотивирање на своите приврзаници да ги бранат политичките ставови јавно“, вели Ричлиев.

Тој додава дека откривањето на лажните профили е релативно лесно. Најчесто за слика на профилот се користи слика „од интернет“, имаат малку пријатели, од кои сите или повеќето се исто лажни профили и често коментираат. „Кога ќе се влезе во шемата, често се гледаат и некои поистакнати политички активни ликови од социјалните мрежи“, додава Ричлиев.

Иво Котевски: Немаме организирана акција за онлајн поддршка

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски за НОВА вели дека ВМРО ДПМНЕ има многу голема поддршка  кај граѓаните и таа потоа се рефлектира и на социјалните мрежи. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ организирано им наложува на луѓето да коментираат фаворизирачки коментари на Интернет, тој вели дека партијата нема таква акција.

„Членовите сами си се активни и никој не може да им го забрани да бидат активни на Интернет и да ги застапуваат и бранат политиките кои мислат дека се најдобри за државата и народот. Зошто постираат исти коментари, не знам, треба нив да ги прашате“, вели Котевски.

Контра коментар од Шеќеринска

Провладините медиуми тврдат дека и Шеќеринска си коментирала сама на себе. Веднаш по масовното споделување на коментарот на страницата на Рангелова во која истиот профил си коментира сам на себе со поддршка, денеска се појавија принтскринови од Фејсбук каде се гледаат коментари во кои наводно Шеќеринска сама си ја фали својата работа.

Путинова Русија: Илјадници луѓе платени во „трол“ фабрики

Поранешни работници за Гардијан раскажаа како илјадници блогери во Русија се платени да постираат коментари на Интернет форумите и социјалните мрежи со анти-западни и про-Кремлин ставови.

Инструкциите за политичките постови доаѓале секое утро, но било наложено и голем дел од времето да се постираат работи неповрзани со политика, за да се направи илузија дека се работи за вистински профили на обични луѓе. Блогерите раскажуваат дека за оваа работа биле плаќани по околу 500 фунти месечно, додека центарот на „трол“ фабриката се наоѓал во една зграда во Санкт Петербург.

Про-Трамп онлајн пропаганда од Македонија

Aмерикански Егзаминер неодамна пишуваше дека пропагандни онлајн сајтови кои лажно се претставуваат како информативни го преплавиле Интернетот во последните неколку месеци и голем дел од нив потекнуваат од Македонија. Овие пропагандни сајтови биле наводно дизајнирани за да ги насочат неодлучените гласачи кон претседателскиот кандидат Доналд Трамп, додека го клеветат неговиот сериозен опонент Тед Круз.

Македонските медиуми најдоа дел од луѓето што постирале ваквите коментари, кои открија дека биле плаќани со месечни хонорари за нивната онлајн работа – позитивно коментирање за Доналд Трамп.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
ФОКУС

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

ВЕСТИ October 14, 2025

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е најбогата со донации, барем ако се гледаат првите 10 денови од кампањата…

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.