Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оној што ви рекол дека може нација и демократија, ве излажал

0
By Xhabir Deralla on October 16, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Не читам закони, устави, нацрт-документи, блупринтови, европски извештаи, јас читам „фина литература“, притоа не живеам во четири sида, се мешам и комуницирам со луѓе, и гледам околу себе. Што може да ми каже Европскиот извештај, која умна глава може да испише „вординг“ што подобро ќе ми ги објасни луѓето, феномените и појавите во мојата земја од мене самиот?

Во современиот свет, оној „западниот“, се тврди дека едвај има идеологија. И се тврди дека историјата е нешто кое е завршено, а главното е она кое постои, значи најважно е она постоечкото, тоа де, за кое „тепаме“ дека нема алтернатива, па уште и го нарекуваме реалност.

Сега некој може да рече: што е сега, море, Јовановиќу, дали ти повторно го преиспитуваш нашето европејство, нашиот „Запад“, или може, скраја било, да не те удрил Ѓаволот кон мрскиот „Руски свет“ и „мајчица“ Русија?

Јок, драги мои, го проблематизирам концептот „нација“ како политички субјект на овие простори, вклучително и овaа наша „Колевка за мачиња“, како што, претпоставувам, би нѐ (пре)крстил Курт Вонегат. Ама од друга страна, ова кое сега го испишувам не е сатиричен роман, како што авторот на овие зборови не е К.В. со неговата дистописка сатира.

На овие простори, нација политички е невозможно да се воспостави од проста причина затоа што нацијата (вака разбрана) нема политичка одговорност кон човековите права, према владеењето на правото и законите, према темелните демократски начела на современиот свет. Овде, брате мили, секој секому му дише во врат. Мислам буквално и мислам симболички. Тоа кога ќе фати, па не пушта, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Дали тука мислам на актуелната власт на Ковачевски? Јок, море, мислам на онаа политичка групација која се обидува да го присвои „ексклузивното“ право на „народ“, а тоа е нашата ултраконзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа земја се покажува денес многу појасно од кога било порано: што и да прави демократскиот СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на тоталитаристички позиции, не давајќи пет пари за овие фундаментални човекови права кои претходно ги набројав.

Така што современите Македонци кои се наоѓаат на демократско-либералните позиции секогаш ќе добиваат „поблаги“ или „потврди“ шамари од Европа, не затоа што не можат да ги придвижат работите кон напред, баш напротив – затоа што тоа и го прават – туку ќе добиваат благи забелешки затоа што секогаш во врат им дише ултраконзервативната братија наречена ВМРО со нивната „нација“ разбрана ужасно тесно и до злабога ужасно клаустофобично.

Триесет години ги слушам: „дојде време да ја градиме нацијата“. Не разбираат дека во рамките на нацијата не може да се изгради демократија. Не може нација и демократија. Добро, може, ама потоа нужно ви се раѓаат помали или поголеми Путинисти; денеска неречени Орбани, до вчера Груевци, денес некакви Мицковци, до вчера некакви бизарни браќа Качински, па некакви фаранцуски Лепеновци, па некаква откачена фамилија на Трамповци, yоu name it.

Верувам дека се сеќавате како одеше принципот на социјализмот: се тврдеше дека самоуправниот социјализам ќе го поништи класното општество, дека ќе се оди кон слобода, дека ќе се оди кон изедначување на материјалното и духовното, за потоа да ги „пееме“ контрафактите на војната, миграциите, убиствата, етничките чистења од почетокот на деведесеттите години.

На ист начин ќе се заврши и нашата приказна (не нашата, моја и твоја, туку онаа заедничката за Европа!) ако им се дозволи, без реформа во својата партија, да дојдат повторно на власт. Затоа што на ист начин денес – како што беше и вчера, од времето на груевизмот – самоуверено тврдат дека нацијата е темелот на демократијата.

Некој може да рече дека не знам што зборувам, дека нацијата е образец за демократија? Добро, тогаш некој нека ми покаже каде беше темелот на демократија во образецот на нација од времето на груевизмот? Во барокните фасади, во бродовите паркирани на исушениот Вардар, во узурпираните јавни простори со шмизли, лавови, во бизарните споменици од антиката, во упропастените зелени површини… Во што, „молиќу лепо“, ќе ми се објасни – каде беше ебениот темел на демократијата разбран како рамка на нацијата?

И кога „народот“ вистински се дигнал во „рамките на нацијата“ (?), и кога рекол: до кога ќе ги трпиме овие злосторници да прават зулуми во наше име? Па, сетете се само, ви се молам, Груевски и после сета национална ѓурутилија, микро војна во Куманово, макро пљачка и апсење, на изборите инкасира партиски плен од 51 версус 49 пратеници. Дури и во „фамозните снимки“ на Заев, луѓето се соблазнуваа со ле-ле-ле-ле, за после некое време да се потврди дека дури ни тоа не предвизика реален политички трансфер во таканаречената политичка реалност.

Катарзата и пресвртот се случија, ако сте заборавиле, а не би требало да се заборави, кога пред камери прокрвари главата на Заев. Не пред тоа, туку откако прокрваре неговата, а потоа прокрварија главите и на останатите, а богами прокрварија и душите на сите нас останати кои бевме „заштитени“ во своите „домашни катакомби“ и немо го набљудуваме крајот на злосторството.

Убава е таа социјалдемократија, чувствителна и сензибилизирана за болка и туѓо страдање, и немам никаков сомнеж во тоа. Ниту проблематизирам нечии мотиви и агенди. Проблемот настанува кога плебисцитот нема да препознае ништо од сето ова, па повторно ќе застрани во прегратката на некој тиранин и крвник, па потоа јово-наново. До следното „историско“ срање на нацијата, комшија.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.