Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Онтологија на еден парадокс – помеѓу студените ѕидови и кебенца и луксузните часовници

0
By Zoran Ivanov on January 27, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 27, 2026 19:00

Од аспект на политичката етика, премолчувањето на имот во анкетен лист не е само „административен пропуст“. Тоа е свесен чин на прикривање на материјалната моќ која во тој момент не можела да биде легитимно оправдана пред очите на јавноста. Ако часовниците се купени во 2015 и 2016 година или потоа со „пари од практицирање државна функција“, зошто нивната инвентаризација во институциите доцни цели осум години?

Филип Т. Петровски

Во теоријата на логиката постои еден круцијален принцип познат како lex contradictonis (закон на непротивречност) – невозможно е едно тврдење истовремено да биде и вистина и лага во ист контекст. Но, на македонската политичка сцена, сведоци сме на обид за дефинирање на нова, „хибридна вистина“ која ги предизвикува основите на здравиот разум.

Анализирајќи ги последните медиумски дискурси за имотната состојба на премиерот, се соочуваме со длабока етичка И МИ СЕ ЧИНИ ПРОТИВЗАКОНСКА дисонанца. Од една страна, ни се сервира наратив за скромност и домаќинско штедење струја преку „дебело облекување“ – популистичка реторика наменета за емоционална манипулација со колективната потсвест на граѓанинот кој едвај ги врзува крајот со крајот. Од друга страна, истражувачкото новинарство открива децениска „временска дупка“ во анкетните листови.

Прашањето е едноставно, но суштинско: Кога лажел премиерот?

Дали лажел кога во периодот 2016 – 2017 година, како висок ДРЖАВЕН функционер во енергетскиот сектор, не ги пријавил во својот имотен лист часовниците вредни над 52.000 евра (сума што далеку ги надминува неговите тогашни легални приходи)?

Или лажел потоа, кога се обидуваше да се претстави како „човек од народот“ кој трепери над сметките за струја, додека на зглобот носи механички ремек-дела чија пазарна вредност е еквивалентна на повеќегодишна професорска плата?

Од аспект на политичката етика, премолчувањето на имот во анкетен лист не е само „административен пропуст“. Тоа е свесен чин на прикривање на материјалната моќ која во тој момент не можела да биде легитимно оправдана пред очите на јавноста. Ако часовниците се купени во 2015 и 2016 година или потоа со „пари од практицирање државна функција“, зошто нивната инвентаризација во институциите доцни цели осум години?

Ова е класичен пример за логички нон-сенс. Не можете да бидете истовремено и жртва на енергетската криза која штеди на сопствениот комфор, и колекционер на престижни брендови како IWC Schaffhausen. Луксузот и аскетизмот не можат да кохабитираат во иста личност без едната страна да биде чиста фикција. Или да е измислена за манипулација.

Политиката без морал е само гола борба за моќ, а моќта без транспарентност е увертира во корупција. Време е да престанеме да ги прифаќаме овие инфантилни оправдувања како легитимни. Јавноста заслужува одговор кој не е облечен во „дебели џемпери“, туку во аргументирана вистина.

Етиката не е опција – таа е императив. Сè друго е само евтин театар за масата.

Овој феномен на егзибиционистички снобизам не е само прашање на личен вкус, туку дијагноза за едно хронично скоројевиќство кое ја дефинира нашата политичка каста. Додека на глобалните самити во Давос гледаме европски лидери – премиери на држави со незамисливо повисок ГДП од нашиот – како пристигнуваат со воз, возат велосипеди до своите кабинети или носат конвенционални дигитални часовници од неколку стотини евра, нашиот премиер одбира да биде жива антитеза на скромноста.

Во Давос, елитизмот се мери според интелектуалниот придонес и визијата за иднината, додека кај нас елитизмот е сведен на вулгарен материјализам и китење со статусни симболи кои врескаат за внимание.

Овој провинцијален снобизам, каде вредноста на човекот се мери преку каратите и механичката комплексност на неговиот зглоб, е директна навреда за европските вредности на кои декларативно се повикуваме. Не можеш да претендираш за европска иднина со менталитет на ориентален деспот кој ја користи функцијата како модна писта за лечење на сопствените комплекси на ниска вредност, претворајќи го кабинетот во излог на снобовскиот апсурд.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

колумна ФБ филип т. петровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.