Моментално во Јемен има најголемата епидемија на колера кога било забележана во историјата на светот, се вели во најновиот извештај на ООН за ситуацијата во Јемен во кој две години трае граѓанска војна. Според проценките над 200.000 лица се заболени, додека секој ден се бележат околу 5. 000 нови случаи на оваа смртоносна болест.
„Смртоносната епидемија на колера е директна последица на две-годишниот тежок конфликт во државата,“ велат функционери на ОН.
Заради нефункционалните ситеми за водовод и санитација, 14,5 милиони луѓе немаат регуларен пристап до чиста вода и санитација во Јемен. ОН смета дека колапсот на овие инфраструктури, како и лимитираниот пристап до здравствени услуги, драстично го зголемува ширењето на колерата во Јемен.
Граѓанската војна во Јемен започна во 2015 година, но сега се има развиено во поголем конфликт во кој учествуваат повеќе држави од регионот како Саудиска Арабија и Иран. Пошироката коалиција, предводена од Саудиска Арабија, е исто така поддржана од Соединетите Американски Држави (САД) преку продажба на оружје, снабдување со информации и помош со логистика.

