Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОПА: Проект кој не е проект

0
By Нова ТВ on October 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

КООПЕРАЦИЈА ве поканува на едновечерниот настан на групата ОПА

ПРОЕКТ КОЈ НЕ Е ПРОЕКТ

(проекција на 42-минутно видео и промоција на книга)

22. 10. 2013 (вторник), 20:30 часот, Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје (Бул. „Партизански одреди” бр.99, Скопје)

„Проект кој не е проект“ е патување низ Европа со 40 години стар „спачек“, кое ОПА (Опсесивно посесивна агресија) го реализираше во периодот од 2003 до 2006 година. Во 2006 год., во копродукција со театарскиот и перформанс фестивал „Трансуеропа” (Хилдесхајм, Германија) од документарните материјали од патувањата е создадено видео-делото со ист наслов. Својата премиера ова видео ја доживува на овој фестивал, во јуни 2006 год.

Во рецензијата „Pimp my ride! ОПА го прави фестивалот Tрансевропа трансевропски”,
објавена во „Хилдесхајмер алгемајне цајтунг”, ова видео, Мартина Пранте го посочува како едно од врвните збиднувања на тогашното издание на фестивалот „Трансевропа“. Па понатаму додава: „Уметноста на ОПА е политичка, а сепак во својата набљудувачка замисленост толку лесна, толку иронична и шеговита, што човек посакува да го напушти овој средноевропски комфор и веднаш да се качи во кола со нив.”

Покрај Хилдесхајм, видеото досега е прикажано во Цирих, Белград, Амстердам, Валенсиен, Париз и Њујорк.

Македонската премиера на овој проект беше планирана да се случи во
Националната галерија на Македонија пред неколку години, но финансиите одобрени од Министерството за култура за реализација на настанот и продукцијата на книгата, се загубија некаде во лавиринтите на Националната галерија, па овој проект ја доживува својата македонска премиера во рамките на „Кооперација”.

Публикацијата (издадена во 2012 год.) се состои од документарни фотографии од патувањата и преписки меѓу ОПА и нивниот соработник ХА (Сашо Талевски).

Во текстот кон овој настан на „Кооперација”, историчарот на уметност Владимир Јанчевски вели: „Симптоматично е тоа што судбината на овој проект е врзана за еден посебен вид егзил, ниту внатрешен, ниту надворешен, туку некако чудно „внатрешно-надворешен”. …приказната на ОПА, е приказна за уметникот, свесен за сопствената даденост во матрицата, и спремност за разоткривање на сложената мрежа на меѓуодноси. Ваквата одлука, е егзистенцијално одредена.”

OПА (Опсесивно посесивна агресија) е формирана во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работат на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија, Германија и Швајцарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.