Постои опасност Охридското Езеро е да стане затворен бетониран базен околу кој ќе гравитираат околу 200.000 луѓе, коментира охридски архитект и поранешен главен градски архитект Димитар Зарчев по најавата дека Субрата Рој ќе гради објекти кај охридски Свети Наум, објавува Слободна Европа.
>>Судот бара одземање на пасошот на Субрата
Во постоечкиот просторен план за охридско – преспанскиот регион кој е изработен и кој важи во период од 2006 до 2020 година на ниту едно место во тие документи не се споменува ниту можност да се разговара за изградба на објекти кај Свети Наум, вели познатиот охридски архитект и поранешен главен градски архитект Димитар Зарчев.
„Во случајот со Свети Наум никаде во тие документи, регулативи, не се споменува можност да се избере локација, па ниту можност да се разговара за таков објект за кој се разговара во моментот и кој некој ни го сервира сега. Сега постои опасност Охридското езеро е да стане затворен бетониран базен околу кој ќе гравитираат околу 200.000 луѓе“, вели Зарчев.
Археологот Никос Чаусидис кој е автор на книгата „Проектот Скопје 2014 – скици за едно наредно истражување“ вели дека не треба да се дозволи гости од страна да прават конфигурација на многу важни работи во Македонија.