„Властите ме уверија дека се многу заинтересирани да се изнајде решение и дека опциите кои се на маса се прифатливи, но сега зависи од грчката страна дали и тие ќе изразат спремност за компромис“, изјавил специјалниот пратеник на Германската влада Ернст Рајхел за Алсат М.
Тој смета дека решение може да се најде во среден рок, при што не прецизира што значи тоа, како и дека двете страни мора да направат отстапки од максималистичките позиции.
“Јас сакав да се запознаам со гледиштето на овдешните власти за спорот за името и да видам какви се шансите за постигнување компромис, кој нема да значи дека само едната страна ќе мора да ги напушти максималистичките позиции, туку дека такво нешто ќе треба да направат двете страни. Нема лесно и брзо решение, но ние сметаме дека на среден рок треба да дојдеме до финално решение, нешто што е во интерес на оваа држава. Исто така, Македонија треба да придонесе за постигнување решение“ – изјави Рајхел.