Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опера: Синдикатот најавува штрајк после изборите

0
By Менче Атанасова Точи on March 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените на Македонската опера и балет немаат основни услови за работа, во школката каде што работи оркестарот има голем провев, а 550 вработени од операта, балетот и филхармонијата работат на едно место бидејќи прокиснува покривот во Дом на АРМ каде што настапуваше филхармонијата, со што нема услови за нормално функционирање, вели за НОВА претседателот на Синдикатот на сценско музичките уметници Виктор Илиески.

Тој беше на службено патување во странство кога НОВА ја објави информацијата дека вработените во МОБ собираат потписи за смена на уметничкиот директор Александар Котевски,поради како што велат самоволието, мобингот кој го правел врз одредни вработени, лошите услови во кои што работат и малите плати. Илески излезе со шокантни податоци за катастрофалната состојба во која работат македонските уметници.

-Точно е дека петиција има во однос на промена на уметничкиот директор Александар Котевски иницирана од членови од оркестарот на МОБ. Демократски чин е поведување на постапки во однос на работењето на директорите од страна на вработените. Факт е дека условите за работа во Македонска Опера и Балет се отежнати и не се на задоволително ниво. но за овие проблеми одговорен е и генералниот директор Дејан Прошев. Уметниците не се должни да бараат решенија за овој горлив проблем, вели за НОВА Илиески.

Веќе се собрани 50 проценти од потписите во оркестарот , а на нив се очекува да им се приклучи и хорот. Петицијата со потписите треба да биде доставена до генералниот директор Дејан Прошев и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Извори од оркестарот за НОВА велат дека дел од тие што се потпишале почнале да ги бришат своите имиња од страв од реперкусии и бркање од работа

Уметничкиот раководител Александар Котевски, пред неколку дена за НОВА изјави дека петицијата против него е дел од предизборието.

-Ова е предизборно. Нема да си одам, барем не по нивен налог, мене само генералниот директор Прошев може да ме разреши. Иницијативата за петицијата е од оние кои што не беа на гостувањето во Џакарта, а ние не можевме да ги земеме сите со себе. Но, јас ги почитувам и верувам во нив, вели за НОВА, Александар Котевски.

Првиот синдикалец потенцира дека нема да дозволи да се злоупотреби членството во овој предизборен период. Проблемите се реални и Синдикатот акцентот го става во немањето на основни услови за работа со префрлувањето на Македонска филхармонија од објектот на Дом на АРМ во просториите во МОБ. Од септември 2013 година до сега, не е преземено ништо во однос на поправка на покривот на домот на АРМ кој прокиснува кога врне или паѓа снег, вели Илиески.


Од синдикатот велат дека концертната сезона 2013/14 се ближи кон последното тримесечие, а нема најава за конкретни решенија со конкретни рокови од страна на Владата во однос на санирањето на покривот и привременото враќање на филхармонијата во домот на АРМ, бидејќи во МОБ нема слободни термини за нормално функционирање на ансабмлите на МОБ, а што е нарушено работното време на уметниците.

-Сите уметници апелираме во однос на изградбата и конечното завршување на концертната сала на Македонската филхармонија, како најстара оформена институција од културата оваа година славиме 70 години од нејзиното постоење. Салата започна да се гради март 2009 година, после 5 години објектот сеуште не е завршен надворешно, а уште поспецифична е изведбата на ентериерните акустички решенија, вели Илиески.

Уметниците и синдикалците сметаат дека е направен јаз помеѓу вработените и раководството од МОБ после катастрофалното организирање на гостувањето на МОБ во Франција. Но од Министерството за култура не биле превземни никакви конкретни мерки во однос на лошото организирано патување, иако тоа им било ветено на заеднички состанок во Министерството.


Како најголем проблем на двете институции се нагласува потребата од долго очекуваното потпишување на колективниот договор за култура.Платите на уметниците не се зголемени веќе седум години.

– Во тој период кога беше спроведена одлуката на актуелната Влада да се изврши корекција на платите беше на коректно ниво во однос на тогашниот стандард и во однос на просечната плата што беше официјална во тоа време. Тогашната плата на еден хорски и балетски уметник беше нешто над просечната. За жал во моментот платата на хорските уметници е 18.000 денари, што значи имаат потпросечна плата, а тоа се голем број вработени уметници од Македонската опера и балет потенцира Илиески.

Тој вели дека сето ова укажува дека во моментот уметниците се вратени на нивото пред седум години. Тие уште пред два месеца пратиле предупредувачко писмо до двајцата директори каде најавиле штрајк доколку не се решат проблемите, следувале преговори, но работата е статус кво.

-Ако тогашната свест на Владата била дека уметниците треба да бидат соодветно третирани, тогаш се поставува прашањето како да бидеме задоволни со примања од кои најголем број вработени во институциите имаат потпросечна плата, кога месечната потрошувачка кошница за четиричлено семејство изнесува околу 30.000 денари, прашува првиот синдикалец на сценско музичките уметници.

Од Синдикатот велат дека очекуваат после изборите Владата заедно со Министерството за култура како прва точка на дневен ред да го стави потпишувањето на колективниот договор на ниво на цела култура со сите финансиски импликации и нивелирање на платите на уметниците од националните установи. Синдикалците предупредуваат дека доколку после изборите не се потпише колективниот договор и не бидат зголемени платите, како и да се санира ситуацијата со лошите услови за работа, можен е штрајк на македонските уметници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.