Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Операта доби шест вработени од Македонски шуми

0
By Менче Атанасова Точи on March 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шестмина вработени кои беа избрани на лотаријата на Владата наместо во Македонски шуми биле распоредени на работа во Македонската опера и балет, дознава НОВА од свои извори во МОБ.

Вработени од таму велат дека некои од нив работат на портирница, други на паркинг, а некои како хигиеничари.

Директорот на МОБ, Дејан Прошев за НОВА ја потврди информацијата дека во оваа институција се вработиле шест нови луѓе кои биле избрани на огласот на Македонски шуми. За разлика од вработените Прошев тврди дека сите работат во администрацијата.

-Точно е дека има вработени кои се дојдени од Македонски шуми. Дел од нив се високо образование, а дел се со средно. Не знам колкави им се платите, но знам дека ние имавме потреба од ваков кадар, изјави Прошев.

Трендот на прераспределување на среќниците кои беа извлечени јавно на лотаријата на МТВ, која ја организираше Владата, продолжува и понатаму.

Во некои институции и фирми се бркаат претходните вработени кои работеле по договор на дело, а се примаат нови на кои им се позлатила среќата преку владината лотарија. Таков е случајот со Македонскиот културен центар и киното Милениум каде што биле примени на работа 11 луѓе избрани на лотаријата за што НОВА веќе пишуваше.

-Примени се луѓето на работа, но седат така, не по нивна вина. Ние навистина имаме потреба од нови вработени, но стручни луѓе како што се тон мајстори, 3Д аниматори, сервери. Ново примените не се стручни за тоа, тврдат вработени од МКЦ.

За сметка на ново примените неколку луѓе кои работеле со договор за дело подолго време таму, си заминале дома.

На денот пак, на објавувањето на огласот за вработување на 1600 луѓе во „Македонски шуми“ во интервју за Капитал ја објасни потребата од големиот број на вработувања и зборуваше за оправданоста од ваквиот оглас.

Досега ниту Караџоски, ниту никој од Владата не излезе да објасни што се случува со вработувањата преку лотаријата и огласот на Македонски шуми, за кои некои граѓани имаа голема надеж дека конечно ќе се вработат.

Околу 40 глуви лица кои пред еден месец беа извлечени на лотаријата се уште не се викнати на работа никаде тврдат голем дел од нив. Повеќе самохрани мајки и социјални случаи се пожалија дека се чувствуваат измамени биејќи прво добиле известување дека се примени на работа во Македонски шуми, подоцна им било кажано дека се одбиени бидејќи не ги исполнуваат условите. Меѓу нив е и битолчанката Виолета Петровска, невработена, самохрана мајка на две возрасни ќерки, кои исто така не работат, а 14 години живеат по кирија.

Незадоволсто и револт има и кај лицата со телесен инвалидитет од резулатите на огласот, каде конкурирале за работа во јавната администарција. Тие велат дека се најмалку застапени на конечаната листа на избрани кандидати и сметаат дека изборот е наместен.

Тие сметаат дека овој начин на вработување донесе незадоволство и хаос, а голем дел од тие што се прераспределени воопшто не одговараат за работните места или за нивните вработувања воопшто немало потреба.

–

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.