Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Аеродром одземена од просторот

0
By Нова ТВ on October 27, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор на текстот: Александар Петров

Фактот дека Скопје не припаѓа на класичните социјал реалистички градови е постоењето на населбата Јане Сандански. Оригинален примерок на применет урбанизам од Современиот период на македонското просторно планирање, дополнето со експертизата на светски искусниот Доксиадис.

Сo своите отприлика 70.000 жители (попис 2002) преставува најголема населба во државата а од 2005 е и дел од нова посебна општина. Градена е во периодот на 80 тите години по сличен терк на населби кои се градат и во тогашната СФРЈ, нови Загреб, Грбавица, Нов Белград. Иако тие се нешто порано изградени и типолошки битно се разликуваат, просторниот принцип им е сличен.

Се карактеризира со симетрична блоковска поставеност и изразен урбан континуитет, распределен долж широкиот булевар Сандански кој ја дефинира сообраќајната гужва.

Определена е од повеќе стамбени згради за домување. Ваквата широка поставеност е карактеристична и за посовремените европски населби, иако градежните содржини знаат да бидат многу поразнолики и артикулитрани. Во случајот, населбата Јане Сандански се создава во едно социјалистичко општество, па затоа и има карактеристика на монотоно повторување. Сателитските целини се разликуваат помеѓусебно преку угасени бои (зелени, црвени, кафени…), според користените материјали или според градежните фирми од кои се изградени. Доколку оваа населба вака поставена беше во некоја либерална земја би се развила со поголема разноликост, содржејќи поголем демократски карактер.

Најбитно од целината на оваа населба е секако дистрибуцијата на јавните ширини и нивното користење, поврзаностa преку бавниот сообраќај во рамки од паркинзи. Со тоа се прави место за изобилство на зелени и отворени површини. Тука се наоѓаат и новитетите во типологиите за домување кои оформуваат дворови на приземјето. Овие урбани џепови и даваат и рурален стил на населбата во континуитет со нашата традиција. Стамбените единици добиваат во квалитет преку природното осветлување, ветреење и пред се преку прекрасниот поглед на блоковски низови кои тонат во околното зеленило. Внатрешните зелени појаси се исполнети со типологии од социјален и општествен караткер како школи и градинки. Надвор од тој периметар, покрај булеварот и реката се развиваат комерцијални и спортски содржини.

Јане Сандански е успешен пример на урбанизам, затоа што целосно е населен и дополнително успеа да се самоодржи. Населбата солидно го издржува и периодот на транзицијата. Иако веќе е поставена и дефинирана во просторот, трпи битни измени кои задираат и во реалниот живот кој таму се одвива. Прво ја зафати бранот на кровните надградби и манипулации, кои само видно ја пореметија, но веќе со вториот бран се ризикува да се направи подлабог рез во нејзиното функционирање.

Во населбата генерално се живееше по нејзините маала, повеќето квартови каде граѓаните беа концентрирани по главните влезови покрај поголемите кули, урбаните кошеви, обемните зелени полјани кои прераснаа во игралишта и сиот оној простор кој беше “слободен’’. Со времето населбата се развиваше во неколку жаришта кои претежно зависеа од ТЦ Бисер и таканаречената ситна околна економија, пазарот, продавниците и разноразни комерцијални содржини кои го отсликуваа локалниот фолкор. Тие иако групирани беа од отворен тип.

Денеска населбата го губи својот квалитет. Иако таа стана дел од општината Аеродром и доби поголеми ингеренции, не успеа да го зачува својот рационален склоп. Во неа се појави самоволието на една номенклатура која во населбата виде многу повеќе личен интерес, отколку знаење, чест и доблест во креирање на нејзиниот оригинален урбан идентитет и јавен континуитет.

Без никаков увид, студија, дебата, јавен конкурс,…почнаа да ги узурпираат постоечките празнини, и уште повеќе да ја оптеретуваат постоечката густина. Општината Аеродром е речиси 60 % урбанизирана (преку делот и на населбата), и нејзиниот ударен напредок треба да се одвива во преостанатите 40 % од нејзината површина каде целосни делови од неа (Ново Лисиче на пример) трпат недостаток на елементарен развој и инфраструктура.

Населбата Јане Сандански може да издржи и дополнителни групирања (тука доаѓа до израз нејзиниот планиран развој и прераспределба на простори), но никако не смее се нарушува нејзината структура. Таа добро функционира самата од себе, и што се однесува до тоа, Општината мора само да го генерира нејзиниот оджлив развој. Населбата има повеќе потреба од ресанација на нејзините постоечки објекти, партери, лендскејп (не кичерај паркчиња) културата, надополнување на нејзината економија…Општината не треба да профитира од веќе изградената инфраструктура во населбата, туку да ги решава проблемите и да инвестира во останатиот нејзин неурбанизиран дел. Токму во тоа се состои нејзиниот предизвик.

Најголеми предатори за населбата се секако градежните хакери Џебаир холдинг, Адора, спортски центар Јане Сандански и Сити Мол резиденс, кои го узурпираат хабитатот преку масивни и крути антиплански одредишта. Тоа се градежни фирми кои го деформираат ликот и животот на населбата и ја туркаат во загушеност. Голема грешка преставува и изградбата на Капитол молот, економија од затворен тип одма спроти ТЦ Бисер. Ова здание ја уништи целокупната околна трговија а со тоа и интензитетот кој се создаваше од природниот тек и продор на население. Сите околни мали комерцијални објекти се затворија, а традиционалните кафулиња кои беа жариштето на локалните жители изумреа неможејки да ја следат масовната конкуренција на новиот мол кој уништи се што преживуваше. Секако, молот отвори и нови работни места, но на населбата и треба бенефит а не конфликт во нејзината егзистенција.

Уште поголема опасност за Аеродром ќе претставуваат кулите – Скај сити, кај реонскиот центар. Тие се потенцијален ризик како по густината така и по масивноста кои ќе ја генерираат. Оваков тип на радикален реал естејт се користи во неразвиени средини (на пример населбата Ново Лисиче), каде се форсираат делови од градот каде е потребен развој на зони кои имаат значително слаба густина. Со тоа се форсираат околните жители да добијат подобра цена за своите имоти и со тоа да се стимулира конкурентноста на земјиштето. Со таков контекст општинската управа може да поддржува и гради инфраструктура.

Типицен таков есемплар е обидот на градот Загреб да изгради облакодер среде кревката населба Трешњевка. Такви целини преставуваат економски зони кои нудат не само домување туку и сите потребни единици за развој, функционирање и идно дополнување.


ABC Tower кула, Загреб – фотографија: 3LHD архитекти

Само преку такви зафати на најдобар можен начин се оправдува глобализмот кој и во случајов може да делува само преку проучени, дебатирани и социјално-одговорни плански потези.

Последиците од овие ад хок урбанитети допрва ќе ги осетиме. Тоа наликува на она што го замислува Џејмс Балард во книгата High Rise (кондоминиум) ,каде за жал суреалната драма која ја третира ризикува да стане реалност во нашата пропадната градска демократијa.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.