Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села пред вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“ најави дека лично тој и општина Струга оваа година ке го бојкотираат фестивалот, објавува А1он.
Причина била неупотребата на албанскиот јазик на отворањето на фестивалот.
Според Села образложението на организаторот било дека свеченото отворање ќе се емитува на првата програма на националниот серис МТВ.
Села се закани доколку наредната година фестивалот не го почитува Законот за употреба на јазиците, тогаш нема да дозволат фестивалот воопшто и да се одржи во Струга.
Оваа година нема да има претставници на општината и целосно ќе биде бојкотиран фестивалот. Села бара читањето на говорите да биде двојазично, на албански и македонски јазик.