Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општините, старо-новите шефови ќе ги дочекаат со расчистени долгови и реализирани 7.000 проекти

0
By Mirjana on October 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Од парализирани во долгови за 4 години општините се раздолжија и реализираа 7 илјади проекти. Долгови за струја, услуги, превоз, договори произлезени од договори со јавни и приватни фирми, камати…општините до пред само четири години беа жртви на недомаќинско работење и расипничко работење од страна на претходните градоначалници. Дури една третина од општините имаа акумулирано долг повисок од еден милион евра.
Ваквата состојба ги парализираше локалните самоуправи, кои наместо да се фокусираат и грижат за подобрување на условите за живот на граѓаните, тие мораа да мачат мака со цел да исплатат плати на вработените во јавните претпријатија. Наместо проекти за подобрување на инфраструктурата, општините беа приморани дополнително да се задолжуваат со цел да вратат претходни долгови и да го обезбедат непреченото работење на институциите и да продолжат да ги даваат услугите на граѓаните.
Во обид да се спречи дополнително подривање на локалните самоуправи и подобрување на условите во општините, Владата предводена од СДСМ реши да им помогне на задолжените општини да се раздолжат, со цел да овозможат подобар квалитет за живот на сите граѓани во земјава. Во 2018 година, Владата издвои над 3 милијарди денари или околу 50 милиони евра неповартни и строгонаменски средства со цел да го зајакне фискалниот капацитет на општините, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството. Освен финансиската помош за раздолжување, Владата им наложи на општините ограничување при планирање на основниот буџет во делот на приходите. Општините може да планираат зголемување на приходите во основниот буџет најмногу до 10 отсто од просекот на остварените приходи во последните три години, со цел подолгорочна фискална и финансиска стабилност.
Освен оваа мерка, Владата реши да ја помогне работата на општините и со останати програми и мерки во вкупна висина од околу 500 милиони евра. Со овие пари се реализираа над 7 илјади проекти во сите општини. Владата исто така ги насочи кон општините парите кои турската компанија „ТАВ Македонија“ требаше да ги вложи во изградба на кагро аеродром во Штип. Со 35 милиони евра беа поддржани над 90 инфраструктурни проекти во целата земја. Овие проекти придонесоа за зајакнување на локалната патна инфраструктура, водоснабдителната и канализациска мрежа, како и за реконструкција и изградба на градинки, училишта и спортски и здравствени објекти.
Oпштини и долгови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.