Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oпштинските буџети под лупа на ревизорите

0
By Нова ТВ on April 3, 2019 ЕКОНОМИЈА
Фото: Порталб
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Освен во општините Кисела Вода и во Арачиново, ревизија е направена за финасиското работење и на општините Боговиње и Македонски Брод, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во фокусот се општинските буџети и начинот на кој се полнела и празнела касата, јавните набавки, вработувањата, тендерските постапки.

Како се полнел и празнел буџетот на општина Македонски Брод 

Неостварени приходи и расходи, отстапувања кај ставката „други неданочни приходи“ и кај “капиталните расходи“, Буџет за 2017 година без развоен дел, користење на службени возила без налози, отсуство на правилник за делење и користење на репрезентации, ова се само дел од наодите при ревизорската контрола во општина Македонски Брод.

Извештајот за финансиското работење на општината се однесува на 2017 година а финансиските извештаи се одговорност на градоначалниците Милосим Војновски кој ја раководел општината од април 2005 та година до крајот на октомври 2017 година и на Живко Силјановски во период од почетокот на ноември до денот на извршување на ревизијата.

Според ревизорите, при носење на Буџетот запазени се роковите и воспоставен е систем на внатрешна контрола, но лоцирани се серија на слабости при планирање на приходите и расходите во општинската каса.

„Досега воспоставената пракса била планирањето на капиталните трансфери да се врши врз основа на усмени напатствија за доделување средства од други нивоа на власт. Слабостите во планирањето на приходите и расходите во процесот на буџетирање придонесуваат за значително отстапување на планираните од реализираните приходи и расходи“ – наведува ревизорот и лоцира слабости при евиденција на даноците.

„За утврдување и наплата на даноци во општината се користи програмот ЛТАС кој е во примена од 2006 година но истиот не се одржува и надоградува од страна на стручни лица поради тоа што нема склучено договор за одржување. Ова упатува на ризик од губење на целата база на податоци за сите даноци “ – се наведува во извештајот. 

Во 2017 година, приходите во општинската каса се остварени со 56,2% а расходите со 53,8% пришто на расходната страна најголемо потфрлување има кај капиталните расходи, со стапка на реализација од 46,9%. Во 2017 година општината работи без Програма за уредување на градежно земјиште.

„Недонесувањето на годишната Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РМ, влијае врз самото менаџирање со градежното земјиште“ – посочуваат ревизорите.

Општина Македонски Брод се јавува како тужена страна по различни основи во 37 поведени судски постапки во кои од оптината се бараат скоро 423 000 евра.

„До денот на ревизијата конечниот исход од судските постапки не е познат поради што постои неизвесност од дополнително оптоварување на проценетиот износ со камати и судски трошоци“ – наведуваат ревизорите.

И во оваа општина се откриваат недоследности при користење на службени возила.

„На ревизијата не и се презентирани документи од кои може да се согледа оправданоста на трошењето на набавеното гориво за службени возила во вкупен износ од 254 илјади денари ( 4 130 евра). Дел од сметките се однесуваат на исплата на средства за гориво за користење на возила кои не се во сопственост на општината“ – се наведува во извештајот.

Како се полнел и празнел буџетот на општина Боговиње….

Неповолно ревизорски мислење изразиле ревизорите и за реалноста и објективноста на финансиските извешати за 2017 година и за прашањата во врска со усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации со позитивната законска регулатива и за општина Боговиње. Финансиските извештаи се одговорност на тројца градоначалници, Хазби Идризи од март 2013 до мај 2017 година, Лумтурије Илази од јули 2017 година до ноември 2017 година и на Аљбон Џемаили од ноември 2017 година до крајот на 2017 година,  Под лупа бил Буџетот за 2017 година, пришто е утврдено дека и кај овој општински буџет не се остварени зацртаните приходи и расходи а најизразено тоа било кај „други неданочни приходи“ и кај ставката „капитални расходи“.

„Годишниот извештај за работењето на општината не е комплетен со што е намалена транспарентноста во однос на работењето на општината. Не се оставрувата приходи од надоместок за јавна чистота поради недонесена Одлука од Советот за висината на истиот и недонесена Програма за јавна чистота“ – навдуваат ревизорите.

Ревизорите констатираат отсуство на внатрешни контроли при процесот на буџетирање кои се значајни за целосно проектирање, изготвување и донесување на општинскиот буџет.

„Не се почитуваат насоките дадени од Циркуларот од Министерството за финансии за изготување на програмите за развој, не постои разграничување на надлежностите и одговорностите на вработените во процесот на буџетирање, поради тоа  што буџетот се изготува од советник за планирање и организирање на Буџетот во одделение за буџетска координација.. Не се земаат превид обврските кои се пренесуваат од тековната во наредната година. Не е обезбедена транспарентонст во процеот на изготвување и донесување на буџетот, односно не се организираат собири во месните заедници за разгледување на предлог-буџетот“, наведуваат ревизорите.

Интересно е дека при проекција на Буџетот за 2017 година, приходите се проектирани со пораст од 105% во однос на остварениот буџет во 2016 година. На крајот од 2017 та приходите се реализирани со само 32,35% а расходите со 31, 24%.

„Во текот на годината не е направен ребаланс на буџетот со цел да се изврши усогласување на остварените буџетски приходи и расходи со планираните. Капиталните расходи се остварени со само 11,48% кај ставката “други неданочни приходи“ реализацијата изнеусва 2,73%“ – се наведува во извештајот.

Слабости се утврдени при наплата на приходи по основ на даноци на имот и комунална такса за фирма, па така во извештајот, меѓудругото се наведува:

„Ризик од нецелосни и неточни даночни пријави да бидат евидентирани во регистерот на даночни обврзници, нецелосен регистер на недвижен имот  поради тоа што не се пресметува и наплаќа данок на имот на земјиштето со кое располагаат даночните обврзници, не се преземени мерки за достава на опомени за ненаплатен долг и решенија за присилна наплата што не е во согласност со Законот за даноци на имот“.

Во текот на 2017 година, според ревизорските наоди се вршеле исплати по различни основи кои не биле поткрепени со потребна документација, така на пример за набавка на канцелариски материјал биле потрошени околу 8 300 евра, за гориво и масла во возилата се потрошиле 12 000 евра за репрезентации околу 6 700 евра по фактури за угостителски услуги но без да се опишат  и прецизираат видот и поводот за тие услуги.

Порталб веќе ги анализираше ревизорексите извештаи и на општините Кисела Вода и на Арачиново, каде беа утврдени низа слабости и пропусти во менаџирање на општинската каса, во спроведување на јавните набавки и во ангажирање на привремено вработени лица во општинската администрација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.