Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оптимизмот на Петков  во сенка на бугарскиот мејнстрим – Македонија не поправа ништо од работите што доведоа до вето

0
By Mirjana on April 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наспроти изјавите со позитивен тон од бугарскиот премиер Кирил Петков за можноста од постигнување договор со нас, што би придонесло за деблокада не само на македонската туку и на европерспективата во регионот општо, во бугарското општество се уште се силни тенденциите кои влечат на спротивната страна и кои во нас гледаат како на укорен ученик без воља за поправање.

– И покрај аматерскиот оптимизам на Кирил Петков дека ќе има први резултати во јануари, 4 месеци подоцна, не е решено ниту едно важно прашање што доведе до вето: Република Северна Македонија (РСМ)  нема намера да се откаже од тврдењата за југословенското малцинство со кои се соочуваме. Скопје нема намера да го почитува Договорот за пријателство во однос на јазичната клаузула, а камоли работата на историската комисија. Таму работите се замрзнати на ниво од 2019 година, стои во текстот на главниот уредник на бугарската новинска агенција БГНЕС, Георги Пашкулев.

Неподготвеноста на властите во Република Македонија да вложат макар и минимални напори за европските односи со Бугарија практично ја уништува секоја надеж за почеток на преговорите за членство во ЕУ, наведува тој во коментарот.

– Никакво незнаење на Кирил Петков, ниту цинизмот на Даниел Лорер или агресивноста на нивниот гуру, нема да доведат до укинување на ветото. Димитар Ковачевски и Бујар Османи ги следат стапките на Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Крајот е претскажан. За жал, PCM изгуби уште една година, пишува во својот коментар Пашкулев.

Со слични тези денеска од парламентарната говорница на бугарското собрание се огласи заменик – претседателот на ГЕРБ и пратеник Даниел Митов, кој го повика Петков да внимавал на терминологијата кога давал изјави за Република Северна Македонија.

– Никогаш не го користи терминот малцинство. Ние не бараме никакви права за бугарско малцинство. Бугарите во РСМ мора да добијат статус на државотворен народ. Ве повикувам да бидете внимателни кога зборувате. Бугарија не признава колективни права, туку индивидуални според уставот. Ваквиот говор може да создаде проблеми во иднина, предупредил Митов, кој е и поранешен министер за надворешни работи.

Ваквите напади кон Петков доаѓаат и покрај тоа што претходно бугарскиот премиер појасни дека не би му паднало на памет да потпише никаков договор со Македонија без тој договор да го помине филтерот на бугарската опозиција и парламент.

(М.Т.)  

 

 

МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА БЛИСКУ ИЛИ ДАЛЕКУ ОД ДОГОВОР ?!
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.