Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прогласи победа во изборот за градоначалник на Скопје.
Противкандидатот му беше Амар Мециновиќ од партијата Левица.
Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната порта и беше пречекан со факели од неговите симпатизери по што се упати кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ каде што се слави победа.

