Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орден за заслуги за Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов

0
By НОВА ТВ on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.

-Еден драмски писател, еден музичар/актер, еден лингвист и еден стопанственик. Пред нас се четири животни приказни, кои имаат различни генерациски, творечки и професионални траектории, но, сепак, се спојуваат во единствениот животен пат кој води кон создавање на нови вредности во македонското општество, истакна во својот говор претседателот Пендаровски.

-Ќе започнам со Горан Стефановски, нашиот мајстор раскажувач, кој преку своите антологиски драми ни помага да ја разбереме приказната за нас. После Блаже Конески, Славко Јаневски и Петре М. Андреевски, Стефановски е веројатно последниот голем архивар и согледувач на македонската култура и на македонските крстопати. Во своите дела и  јавните настапи тој постојано нѐ потсетуваше дека идентитетот значи одговорност и напорна работа. Овој наш драматуршки маг во своите дела прави длабока вивисекција на човековото битие и дава прецизна дијагноза за повеќе македонски, балкански, но и глобални аномалии, кажа претседателот.

Потоа тој нагласи дека втор лауреат е бардот на македонската популарна музична сцена, неповторливиот Зафир Хаџиманов.

-Верен на своето македонско културно јадро, Хаџиманов умееше да ја интерпретира македонската изворна музика низ современи и популарни форми. Препознатлив по неговата широка насмевка, кралот на шансоните успеваше да ја плени публиката каде и да настапуваше. Сам, или во тандем со неговата сопруга, Сенка Велетанлиќ, тој сними безброј звучни записи, ТВ-програми и го обиколи светот одржувајќи концерти и собирајќи награди и признанија за македонската, а и некогашната поширока југословенска култура, вели шефот на државата.

Зборувајќи за третиот лауреат, професорот Ремзи Несими, претседателот кажа дека овој голем интелектуалец од редок ков и широки познавања, со својата плодна образовна, научна и културна работа придонел за стандардизација на албанскиот литературен јазик и негово воведување во образованието, во печатените и електронските медиуми во Македонија и, воопшто, за негување и збогатување на современиот албански јазик.

-Како автор на бројни трудови, книги и учебници, професорот Несими е неспорно еден од најголемите авторитети на полето на албанологијата, почитуван и цитиран од сите албанолози и кај нас и во светот. Како истакнат лингвист и просветител, тој го потенцира централното место на јазикот во културата на еден народ. Јазикот како клуч за толкување на светот, пренесување на мудроста и животните искуства, за поврзување на генерациите, вели Пендаровски.

Откако одликувањата беа врачени на семејствата на починатите Стефановски, Хаџиманов и Несими, церемонијата продолжи со лауреатот Живко Мукаетов.

-Тој раководи со компанија која е еден од носечките столбови на македонската економија, шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа. Под негово раководство „Алкалоид“ АД во своите напори за опстојување на пазарот има вложено околу 200 милиони евра во модерни производствени капацитети, опрема, лаборатории, во технологија, софтвер и најважното, во кадарот. Благодарение на господинот Мукаетов, брендот „Алкалоид“ стана препознатлив по врвниот квалитет и принципиелната корпоративната политика на компанијата. Освен што е успешен стопанственик, Мукаетов е и познат филантроп кој како прв човек на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ до сега има стипендирано 539 млади таленти од факултетите по медицина и фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Исто така, тој е и долгогодишен поддржувач на спортот што со своите успеси често пати знае да го сплотува македонското општество, заклучи Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.