Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оргиналното писмо на Самарас до Груевски

16
By Нова ТВ on July 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Андонис Самарас бара македонската влада да размисли повторно за грчкиот предлог Меморандум за соработка а го смета за ирелевантно создавањето нови преговарачки тимови што го предложи премиерот Никола Груевски- ова е поентата на писмото, кое во оргинал излезе во грчките медиуми.

Суштината според Самарас не е во создавањето дополнителни преговарачи, туку во демонстрирањето вистинска обврска и волја да се најде решение. Во одговорот грчкиот премиер вели дека за процесот во Обединетите Нации под палката на медијаторот Метју Нимиц му имаат дадено целосен мандат на нивниот преговарач Адамантиос Василакис со цел да се најде решение:

-Не гледам, искрено, дополнителна вредност во реирање дополнителен механизам покрај преговарачките тимови кои веќе постојат. Решението нема да дојде преку одредување дополнителни преговарачки кои ќе имаат, како што велите, политички мандат, пишува Самарас.

Самарас понатаму пишува дека македонската влада во суштина не одговорила на предлог- Меморандумот за соработка кој го испрати поранешниот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос и предлага Груевски одново да размисли за таа грчка иницијатива за раздвижување на спорот.

Главното прашање кое според Самарас треба да се одговори е дали постои вистинска или само вештачка обврска кон процесот за решавање на името кој трае две децении. Според Самарас, ако и двете инволвирани страни покажеле до сега иста желба, волја и одлучност, спорот до сега ќе бил решен.

Според него потребно е вистинско решение, а не половични мерки. Грчкиот премиер одговара и на обвинувањата за вината на Грција во спорот:

-Осумнаесет години г-дине Премиере се многу долг период за некој да го припише овој проблем само на каприците на една држава, како што Вие ги толкувате работите, пишува Самарас.

Според грчкиот премиер средба со Груевски која не би била проследена со вистинска политичка волја и обврски би била само средба за фотографирање:

-Мојата држава, Влада и јас лично сметаме дека нашите билатерални врски вредат повеќе од тоа.

Она што се слуша од Вашата држава и самиот Вас, особено последните 2 години е реторика и дела кои не само што поставуваат пречки во разбирањето меѓу двете страни, туку и сериозно го вртат Вашиот народ против Грција.

Самарас во писмото вели дека Грција останува посветена на Солунската агенда и ја поддржува евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан.

Грчкиот премиер на крај вели дека решавањето на спорот ќе им биде од корист и на двете држави, додавајќи дека ако не се реши спорот билатералните односи нема да го достигнат посакуваното ниво, а народите нема да успеат да имаат корист од нормализацијата на односите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.