Музичарот Златко Ориѓански му подари музика на кандидатот за претседател на Македонија Стево Пендаровски, вели тој е единствениот кој му се јавил и му се заблагодарил без да се познаваат.
Закачувајќи ја музиката на Фејсбук наменета за Стево Пендаровски, македноскиот музичар пишува:
– Многупати сум правел музика за политички кампањи, реклами и сл. Наплакаш и идеш на море..Но..Оваа музика ја подарив без денар надокнада. Стево е единствениот кој се сети да ми се јави и да се заблагодари иако не се познаваме…Ова е всушност парче од кое имам намера да направам марш за АРМ :)) Сериозно…Оној миг кога ке има услови за тоа..Зошто ова го работев? Затоа што е последен час да разбереме дека од Македонија останаа само коските и духот нејзин…Затоа што оставам уште малку време пред дефинитивно да си заминам од овде..Ете затоа… – пишува Ориѓански на Фејсбук.