Што ако вербалното насилство оставаше исти лузни како и физичкиото насилство? Дали можеби ќе го третиравме посериозно? Фотографот Ричард Џонс се обидува да го докаже токму ова во својот нов проект „Оружје по избор“. За ова да се постигне преку шминка се аплицирани лузни кои ги содржат зборовите кои општеството најчесто ги користи за да навреди некого. Целта на Џонс е да покаже дека овој тип на насилство остава подеднаки лузни кај оние кои се жртви на вакви злоупотреби, а особено кај најмладите