Денко Малески: Некој рече дека сум претерал кога напишав дека начинот на кој претседателката и премиерот го интерпретираат Преспанскиот договор, по прашањето на „името“, е рамен на објава на војна, дипломатска, се разбира. Денес, грчкиот премиер зборува за „оружјата“ кои Грција ќе ги употреби доколку нашите политичари продолжат со „истата тактика“.
Значи, сепак, чекор, по чекор, се ближиме до дипломатска војна.Таа може да запре ако нашите политичари разберат дека она што е можно во внатрешната политика, особено на избори, не е можно во меѓународната политика. Линк