Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оштетени лица ќе сведочат против гинекологот, ФЗОМ и ОЈО не реагираат

2
By Менче Атанасова Точи on April 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за здравство нема сознанија за злоупотреби на ваучерите за Ин витро од страна на гинекологот Никола Дамчевски, ниту од болниците кои веќе не постојат „Св. Лазар“ и „Моја болница“ каде што раководел. Сепак, од ФЗОМ за НОВА потврдија дека се повикани да сведочат во случајот со пациентката која девет месеци била манипулирана дека е бремена.

„ Во врска со предмет за посочениот доктор, ФЗОМ е повикан како сведок во постапка која ја води ОЈО –Скопје , за појаснување на начин на финансирање на БПО. За детали за случајот потребно ќе биде да се обратите до Основното Јавно Обвини телство“, се вели во одговорот на Фондот за здравство.

Од ФЗОМ не објаснија дали ќе покренат истрага како биле користени ваучерите за Ин витро има ли злоупотреба од страна на овој гинеколог и болниците во кои што работел. Еден ваучер на товар на ФЗОМ чини 80 000 денари.

Дали ОЈО ќе отвори поголема истрага за овој гинеколог останува да се види. Но, откако НОВА ја објави сторијата многу граѓани кои се јавија да ја раскажат својата приказна најавија дека ќе дадат свој исказ во обвинителството.

Меѓу измамените се и брачен пар од Неготино кои за НОВА раскажаа како биле манипулирани и лажени поради што ја испуштиле можноста да се реализираат како  родители. Тие тврдат дека  платиле 90 000 денари за операција на миом на матка, миомот останала внатре, а тие не добиле ниту фискална сметка, ниту медицински извештај за тоа.

„ Стануваше збор за миом на матка за кој Дамчевски ни рече дека треба да се отстрани за да може да направи Ин витро. Тој ја оперираше сопругата и направи рез од 20 см, а подоцна се утврди дека миомот воопшто не го отстранил. Откога сопругата закрепна добивме ваучер од ФЗОМ за Ин витро и во средината на март 2015 та година требаше да оставивме материјал од мене и сопругата. Пред ова и препиша хормонална терапија од која една инјекција чинеше 1800 денари,а ние купивме 15 такви инјекции. Подоцна разбравме дека овие инјекции следувале со ваучерот, односно гинекологот си ги повлекувал парите од ФЗОМ. “, ја започна својата приказна сопругот.

 

Овој човек чиј идентитет е познат на редакцијата, тврди дека гинекологот во неколку наврати му барал 100 000 евра на заем бидејќи како директор на „Моја болница“бил западнат во големи долгови.

„Јас толкава сума на пари немав, а неговото однесување беше многу чудно. Сепак, отидовме да оставиме материјал и мислевме како што е ред ќе ја прими сопругата, ќе ја смести во  болничка соба. Наместо тоа, тој дојде и од ходник ја однесе право во сала, каде што смрзнувала чекајќи го половина час. Ја ставил на нешто што не личело на гинеколошки стол и целата процедура траела не повеќе од 30 секунди. Никаква анестезија не и дал ниту кога наводно вадел јајце клетки, ниту кога правел Ин витро. Веднаш потоа ја донесе во ходник, не испрати до врата, ни рече со среќа, си го стави ваучерот во џеб и за сето ова не добивме никаков документ“, вели овој неготинец.

Тој и неговата сопруга се уверени дека Ин витро процедурата и операцијата биле лажни. Чекале две недели и кога жената добила месечен циклус му се јавиле, а тој им рекол дека и со тоа може да е бремена, да продолжи да ја прима хормонската терапија. Со тест на бременост се покажало дека нема ништо од бременоста.

“По ова му звоневме на телефон на Дамчевски, но тој исчезна засекогаш“, рече сопругот.

Овој брачен пар поради возраста сега нема деца. За ова го обвинуваат Дамчевски поради кој велат ја испуштиле и последната шанса да станат родители.

Со слична приказна се јави и една скопјанка која сакаше да остане анонимна. Таа вели дека по препорака на матичниот гинеколог и била закажана итна операција од полип во матката, за потоа и направат Ин витро. На операцијата требало да присуствува и матичниот гинеколог.

„Кога се освестив од анестезијата немаше никого, ниту едниот, ниту другиот гинеколог. Немаше никакви траги од операција. Но, следниот месец Дамчевски ми кажа дека не е се завршено, да доаѓам секој месец да ми става по една јајце клетка. Го прашав како е тоа возможно, нели се плаќа тоа, од каде тие јајце клетки. Тој ми рече дека ги чува замрзнати, да не се секирам, дека наши луѓе сме. Ние му плаќавме како за инсеминација, а на шалтер кажуваше дека ми правел ЕХО преглед. По два месеца се освестив и се откажав од двајцата лажговци“, раскажа за НОВА, оваа скопјанка.

Оваа жена вели дека се сомнева дека Дамчевски бил сам во сето ова. Друга жена вели дека за шест обиди со Ин витро му платиле повеќе од 6000 евра на гинекологот.

„ Дамчевски ни ги зема сите пари што ги имавме. Немам документи за тоа, но подготвена сум да сведочам. Се сомневам во се што правеше, а ми даваше цело време агресивна хормонална терапија. Изгубив шанса да добијам дете поради него, се случуваа страшни работи. Многу плачев“, раскажа оваа 46 годишна жена.

 

Иако е запознаен со сето ова што се отвори по изјавата на првата пациентка која девет месеци била манипулирана дека е бремена, јавниот обвинител Марко Зврлевски тврди дека не може да стори ништо,  бидејќи како што рече сето ова не е во негова надлежност. Ќе проверам дали по допрен глас преземале нешто основните обвинители, рече Зврлевски за НОВА.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.