Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72 отсто од вредноста на сите земјоделски штети

0
By НОВА ТВ on September 24, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

радот и мразот се најизразени ризици во земјоделското осигурување. Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди.

Како што соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), земјоделците ги препознаваат градот и мразот како најголеми опасности и поради тоа најмногу вложуваат во осигурување од овие ризици. За првите шест месеци вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна пет милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани.

Земјоделци и сточари наплатиле вкупно 162 милиона денари од штети покриени со осигурителни полиси за првите шест месеци оваа година. Во вкупниот износ на исплатени земјоделски и сточарски штети за уништени посеви, плодови и угинат добиток во континуитет доминира исплатата на штети предизвикани од град и мраз, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата.

-Штетите предзвикани од град или мраз континуирано имаат најголемо учество во износот на исплатените штети покриени со земјоделско осигурување. За првите шест месеци од овие природни непогоди се исплатени штети, за уништени посеви и плодови, во вкупна вредност од 117,85 милиони денари. Тоа е 72 отсто од сите исплатени штети во земјоделството и сточарството во овој период. Слична е статистиката и за првите полугодија во претходните две години. Во 2020 година за штети од град и мраз земјоделците наплатиле 99,5 милиони денари, односно 74 отсто, а во 2019 година 78 отсто од сите исплатени штети во земјоделството, наведува АСО.

Вкупниот износ на штети кои земјоделците ги наплатиле од осигурителните друштва, за првите шест месеци годинава е 162 милиони денари. Истиот период лани износот на исплатени штети за земјоделски осигурувања е помал за 22 отсто и изнесувал 132,4 милиони денари. Во првата половина на 2019 година земјоделците од штети наплатиле 78,4 милиони денари.

Според Агенцијата, вкупните вложувања на земјоделците и сточарите во осигурување за првото полугодие годинава изнесуваат 398,4 милиони денари. Тоа е за 20 отсто повеќе во споредба со истиот период 2020 година кога вложувањата во осигурување посеви, плодови и добиток биле 331 милиони денари. Континуитет во растот на вложувања се бележи и во споредба со 2019 година кога вредноста на земјоделските осугурувања во првата половина од годината изнесувала 241,2 милиони денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.