Ослободена е француската фамилија која беше киднапирана во северниот дел на Камерун на почетокот на годината, вели владата на Камерун.
Според камерунското Министерство за комуникации, седумтте членови на фамилијата биле предадени на властите во четвртокот во добра состојба, неповредени.
Членови на киднапираната фамилија се четири деца, нивните родители, и еден од роднините.
Семејството беше киднапирано во февруари во Националниот парк Ваза, густо пошумено подрачје на северниот дел на Камерун, близу границата со Нигерија, многу популарно кај туристите.