Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Блок: Холандија е за старт на преговорите со Северна Македонија

0
By Нова ТВ on December 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок. Во разговорот, како што соопшти МНР, министерот Османи размени мислења со својот колега за најновите и актуелни политички случувања во државата, идните чекори за европската интеграција на Северна Македонија, како и потенцијалите за продлабочување на билатералната и мултилатерална соработка со Холандија.

-Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава, посочил Османи, изразувајќи благодарност за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, посебно преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.

Османи истакнал дека С Македонија високо го цени холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително ни помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди.

Министерот Блок, како што се наведува во соопштението, ги поздравил постигнатите резултати на Северна Македонија во насока на реализација на европските интеграции, особено во контекст на носењето храбри одлуки за унапредување на добрососедските односи. Истакнл дека Холандија го поддржува отпочнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија со Европската унија, откако ќе биде усвоена Преговарачката рамка. Холандија продолжува и во иднина да биде партнер на Северна Македонија во спроведување и продлабочување на ЕУ реформскиот процес.

Двајцата министри размениле мислења и за искористување на потенцијалите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и за надминување на предизвиците предизвикани од пандемијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.