Откако не поднесол оставка, а по истрагата на наводите на членот од мешовитата македонско-бугарска комисија професорот Ванчо Ѓоргиев за директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата, а кои се покажале како неосновани, министерот за надворешни работи Бујар Османи одлучил да го прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, известува „Слободен печат“.
Министерот, ги прозива членовите на комисијата да најдат замена за Ѓоргиев.
Османи, како што пишува, „Слободен печат“, му го прекинал Договорот на Ѓоргиев зашто со оглед на времето кога се појави со изјава , направил политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата.