Министерот за надоврешни работи, денеска по повод положувањето на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски, уште еднаш ги повтори ставовите дека владата ќе чекори по овој пат, и дека не се откажува од членство во ЕУ, и покрај блокадата од Бугарија.
„Ќе се надминат и овие разлики. Замислете што ќе се случеше ако се откажевме од НАТО во последните 30 години. Сега немаше да бидеме членка на Алијансата. Или кога Франција стави вето, да се откажевме. Но ние одевме по тој пат, и потоа добивме препорака. И сега не се откажуваме. Jас ве уверувам дека после членството во НАТО, ќе станеме членка и на ЕУ. Тоа и го очекуваат нашите граѓани.“, рече Османи.
Тој истакна дека е добро што соседна Бугарија го признава идентитетот.
„И самата Бугарија кажа дека не ги спори идентитетски атрибути“, рече Османи кој порача историчарите да ги продолжат разговорите околу тие прашања.
„Мислам дека е важен исчекор кој создава доверба и другите прашања кои ги решивме, во делот на кратенка на земјата, во делот на говорот на омраза, за прашањата за малцинства, за економската соработка, сето тоа е потенцијал да се надогради во едно разбирање на двете држави“, рече Османи.