Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Никогаш не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор

0
By Нова ТВ on March 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи во ниту еден момент не кажа дека Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21.

– Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори, се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци, истакна Османи.

Тој потенцира дека информациите оти Фрчкоски е кандидат за амбасадорска функција биле изнесени во медиумите, додавајќи дека одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест без потврда од Министерството за надворешни работи.

Во однос на Акцискиот план со Бугарија, Османи изјави дека во втората фаза од разговорите ќе се оди со порационален пристап, затоа што во првата фаза разговорите биле со многу емоции, што, според него, не е добар пристап.

– Акцискиот пламн се однесува на секторската соработка. Тоа значи соработка меѓу министерствата, соработка меѓу министерството за образование, инфраструктура. Зошто овој пристап? Затоа што во овој дел немаме разлики. И ние сакаме побрзо да биде готов Коридорот 8, и тие сакаат. И тие сакаат соработка со здравството, и ние сакаме. Оваа секторска соработка беше жртва во однос на некои прашања, како што се историските. Затоа решивме во Влада да почнеме на некои прашања за кои немаме разлики и плус ќе ни создаде една доверба, и потоа на изградена доверба многу полесно ќе ги решаваме и другите прашања кои имаат многу емоции, изјави Османи.

Според него, прашањата не треба се решаваат со емоции и мора да се менува пристапот, бидејќи само со менување на перспективата на пристапот тие стануваат полесни за решавање.

Тој потенцира дека решение на несогласувањата е Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

– Не можеме да ја смениме географијата, ќе мора да живееме заедно, ќе имаме разлики во мислења, но не смееме да имаме разлики по прашањето за иднината. А таа е ЕУ, НАТО, додаде Османи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.