Подготвеност за помош до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, изрази министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, преку неговиот официјален „Твитер”, по земјотресот на Самос.
Паралелно, Османи изрази и жалење и сочувство за загинатите на грчкиот остров.
-По разорниот земјотрес во Егејското Море, со тага ја примив веста за загубата на животите на Самос, Грција. Сочувство до семејствата на загинатите. Никос Дендиас и Милитиадис Варвициотис, подготвени сме да помогнеме, напиша доцна синоќа Османи.
Подготвеност за помош, шефот на македонската дипломатија, претходно изрази и до неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, а изрази и жалење за жртвите во Турција.