Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Решението е враќањето на довербата во Договорот за добрососедство-наш неуспех е несупех и за Бугарија

0
By Нова ТВ on November 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека решението на проблемот со Бугарија е во враќањето на довербата во Договорот за добрососедство, како единствен инструмент и гаранција за надминување на сите разлики.

Османи денеска, на прес-конференција, рече дека се уште не може да каже каков ќе биде исходот од разговорите меѓу Скопје и Софија, но нагласи дека македонската страна ќе направи се што е можно достојно да ги претстави интересите на државата и во тие рамки да најде заедничко решение.

– Разговараме се уште, не можам да предвидам ништо, ниту да го прејудицирам исходот. Прашањето е премногу комплексно и сензитивно, а периодот е прекраток. Нашиот пристап е дека ќе работиме до последната минута за да ги аргументираме прво нашите погледи кон ова прашање, да ги приближиме различните очекувања. Моето чувство е дека решението е во враќањето на довербата дека Договорот за добрососедство е единствениот инструмент и гаранција за надминување на сите разлики, истакна Османи, одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, остануваат уште малку денови до првиот обид.

– Свесни сме дека ова прашање е од интерес и за Бугарија, па колку е неуспех за нас, толку е неуспех и за Бугарија и за ЕУ, подвлече вицепремиерот.

На прашањето што се преговара во однос на јазикот, шефот на дипломатијата истакна дека ја разбира потребата граѓаните да знаат детали за ова.

– Бидејќи сме во најактивниот момент од разговорите, во една завршница ако можам да кажам, на овој обид да се најде разбирање, не би можел да навлезам во детали освен тоа што досега сме го констатирале – дека има одредени загрижености и различни очекувања, дека таму каде што можеме, можеме да дадеме дополнителни аргументи дека тие загрижености се неосновани, дека нашата интенција е да развиеме пријателски односи со Република Бугарија и со секоја земја членка. Ние најдостоинствено ги претствуваме позициите на државата и очекувањата на граѓаните, потенцира Османи и се заблагодари за германското претседателство со ЕУ, за, како што рече, неговата исклучително проактивниот и принципиелниот ангажман да се гарантира продолжувањето на процесот на проширување.

Вицепремиерот укажа дека целата оваа ситуација не треба да се сведе само на разговорите и контекстот со Бугарија, туку мора да се знае и дека 26 земји членки на ЕУ веќе имаат усогласен, заеднички став по однос на текстот на преговарачката рамка што е, напомена, голем успех и исчекор. Тој објасни дека во Брисел се разговара за текстот на преговрачката рамка за која согласност треба да дадат сите 27 земји членки, без исклучок. Ако една земја е против, не може да помине ниту една одлука.

– Во однос на овие месеци не се разгвараше само во однос на дилемите што ги има Република Бугарија, туку секоја земја членка предлагаше одредени промени, измени и свои погледи. Имаше сериозна дебата меѓу земјите кои преферираа посилни контролни механзми во рамката и оние што сметаат дека со стимулативни мерки повеќе ќе се забрза процесот на преговори. За нас беше важно да се усогласи секоја земја членка, објасни Османи.

Тој на прес-конференција во МНР го презентира новиот концепт на економска дипломатија. Најави стратегија за економските односи со странство чија цел е Северна Македонија да се промовира како атрактивна дестинација за бизнис и инвестирање. Ќе се испраќаат и економски советници, нагласи вицепремиерот, но само во земји со кои нашата држава има голем потенцијал за деловна соработка. На пролет 2021 година ќе бидат испратени првите економски советници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.