Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Сореиде: С.Македонија е членка на НАТО и значително придонесува за стабилност во регионот

0
By Нова ТВ on February 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.

„Благодарни сме за континуираната билатерална поддршка која Норвешка ја дава во насока на унапредување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија, рефлектирано преку поддршка на административните и легислативните капацитети потребни за процесот на преговори со Европската Унија. Норвешка се вбројува во земјите најголеми донатори на билатерална помош, што е исклучително значајно во трансформацијата на нашата земја во демократско општество“, истакна Османи.

За време на разговорот беше отворена темата и за силната посветеност на Владата на Северна Македонија за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата. Воедно беше потенцирана блиската мултилатерална соработка и заедничкото учество, на двете земји во рамки на мировните мисии. Во таа насока од страна на Османи беше упатена честитки за изборот на Норвешка за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, што е одлична можност за јакнење на нејзиниот придонес кон мултилатерализмот.

„Денес, Република Северна Македонија е земја-членка на НАТО и ЕУ перспективи при што значајно придонесува во стабилноста и безбедноста во регионот“, нагласи Османи.

Министерката Сореиде за време на разговорот упати честитки и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 год, и заложбите на нашата земја за човековите права, демократијата и владеење на правото.

Двајцата соговорници разменија мислења, предлози и сугестии за искористување на потенцијалите за економска соработка и покрај географската оддалеченост. Истовремено беа разменети информации за состојбата со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, регионалните и меѓународни случувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

ВЕСТИ October 2, 2025

Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, пловат безбедно и мирно…

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.