Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за бугарската НОВА: Тоа што се случи покажува дека сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

0
By НОВА ТВ on November 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарските институции постапија професионално и обезбедија мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно, коментира за бугарската НОВА ТВ министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи коментира дека ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели и во добро и во лошо и треба да си помагаме.

Османи ги отфрли теориите дека трагедијата на автопатот Струма била исценирана за да се натера Бугарија да каже „да“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Коментирајќи ги разликите во билатералните односи и европската перспектива, Османи нагласи дека Скопје никогаш не ја прекинал комуникацијата со Софија.

– Независно од фактот што тоа беше потешко, со оглед дека во период од една година три пати имаше избори, не беше формирана влада и имаше привремена влада, ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија. Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме белешки, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор кој ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, а заложник е пријателството меѓу нашите две земји, рече министерот Османи.

Мислам, рече Османи, дека е во интерес и на Бугарија и во интерес на Северна Македонија и на целата Европска Унија побрзо да се стави крај на ова прашање, кое, како што вели „непотребно ги труе нашите билатерални односи“.

Првите пораки кои доаѓаат од бугарските партии, кои можат да коалицираат, влеваат оптимизам, додаде Османи, додавајќи дека во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија фокусот не треба да биде на минатото, туку на сегашноста и иднината.

– Цело е кога има се. Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања. Но, треба да се фокусираме на сегашноста. Ние секој ден пишуваме историја. Ние сме сериозни и конструктивни. Ние веруваме во пријателството на нашите две земји. Ние веруваме во заедничка иднина за Европа. Ние сме сојузници во НАТО и ни треба само порационален пристап на двете страни, како и разбирање на другата, рече шефот на македонската дипломатија.

Она што се случи, кажа Османи, во последните два дена покажува дека „ние сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо“, рече Бујар Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.