Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово се обврзало да ја формира заедницата на српските општини во Собранието со ратификување на договорот со Србија, пренесуваат косовски онлајн-ипортали.
Османи пораката ја пренела коментирајќи го заедничкото писмото што со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца, го испратија до известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакјоани. Во него, високите косовски функционери се обврзуваат да го спроведат договорот кој подразбира формирање на заедница на општини со српско мнозинско население.
Тоа не е обврска од март 2024 година, туку од основниот договор од 2023 година, а кој беше прифатен од косовската делегација“, рече Османи коментирајќи реакции по повод писмото.
Притоа, пртеседателката на Косово додаде дека формирањето ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа.