Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осми април – Светски ден на Ромите

0
By Marija Todorovska on April 8, 2025 НАСЛОВНА, ТЕМА, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, 8-ми април, се одбележува Меѓународниот ден на Ромите. Овој ден е потсетување на долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на оваа група луѓе, како и прославување на уникатната и богата ромска култура.

Меѓународниот ден на ромите бил прогласен во 1990 година на четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија, кој се одржал во Сероцк, Полска. Овој конгрес бил одржан во спомен на првата поголема меѓународна ромска средба во Честфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година.  На овој конгрес биле донесени химната и знамето на Ромите.


O styago le romengo, знамето на Ромите, се состои од сина и зелена боја кои ги претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите.

 

Џелем, Џелем е химната на ромската заедница, компонирана од страна на Жарко Јовановиќ. По доживувањето на затворањето на Ромите за време на Ромскиот геноцид, Јовановиќ подоцна го напишал текстот за песната „Џелем џелем“ и ги споил со традисионалната ромска мелодија во 1949 година.

Стихови: Тргнав да патувам
Сретнав среќни Роми
О Роми, од каде доаѓате,
Со среќните шатори крај патот?

О Роми, О млади Роми!

Еднаш и јас имав среќно семејство,
Црната легија ги уби нив
Дојди со мене, Рому од каде и да си
За Ромите сите патишта се отворени
Сега е времето, станете Роми сега,
Ќе се издигнеме високо ако делуваме сега

О Роми, О млади Роми!

Отвори ги Боже, белите порти
Да ги видам моите луѓе.
Вратете се да патуваме на патиштата
И да пешачиме со среќните Роми

О Роми, О млади Роми!

Горе, Ромски народе! Сега е времето
Дојдете со мене, Роми од целиот свет
Темното лице и темните очи,
Ги сакам како црно грозје

О Роми, О млади Роми!

Ромите се една од најраспространетите етнички групи во светот, со население од над 12 милиони кои живеат во различни земји. Ромите во Македонија се најранлива етничка заедница, која се соочува со дискриминација во речиси сите сфери на општественото делување. Но, и во многу други земји тие се маргинализирани и се соочуваат со сиромаштија, невработеност и недостиг на пристап до образование и здравствена заштита, а често се и предмет на расистичко насилство, говор на омраза и дискриминација во домувањето, вработувањето и други области од животот.

На правата на Ромите во земјава и во Европа треба доправа да се работи. Меѓународниот ден на Ромите, нека биде само еден потсетник за нивната значајна улога во европското семејство на народите.

 

8 април дискриминација достоинство права Меѓународен ден на ромите ромско знаме светски ромски конгрес џелем џелем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.