Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основен кривичен суд Скопје: Обвинувања на Бојан Јовановски се неосновани и манипулирање со јавноста

0
By Соња Крамарска on February 17, 2023 ВЕСТИ
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот кривичен суд Скопје ги оценува како неосновани денешните обвинувања на осудениот Бојан Јовановски. Според судот, „се работи за манипулирање со јавноста, со Законот за кривична постапка и со уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и покојниот судија Огнен Ставрев“.

„Најпрво, се работи за неправосилно решение на кое странките веќе поднеле жалба по која треба да одлучува Кривичниот совет. Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед дека заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судија – Бранка Наумоска, користејќи ја претходно усогласената судска пракса и Правното мислење на Врховниот суд на РСМ , наведуваат од Основниот кривичен суд.

Во однос на дополнително доставените мислења од страна на правниот тим на Јовановски, од Кривичен суд посочуваат дека согласно Судскиот деловник, тие мора да бидат примени во судот и покрај тоа што се доставени по донесување на решението се со цел да бидат разгледани од Кривичниот совет при одлучување по жалбата, а единствено во корист на подносителот на жалбата односно осудениот Јовановски.

„Заради целосно запознавање со случајот, правниот тим на Јовановски, потребно е до медиумите да ја достави целокупната медицинска документација вклучувајќи го и мислењето на Лекарскиот колегиум составен од повеќе професори од ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, изготвено на 23.01.2023 г. по барање на судот, а во кое е наведено дека „општата здравствена состојба на осуденото лице не е компромитирана со оглед на неговите претходни зафати и е потребно нејзино понатамошно следење “, како и мислењето на надлежниот Јавен обвинител кој смета дека врз основа на приложената документација, барањето за прекин треба да биде одбиено. Јавноста воедно треба да биде запознаена дека осудениот Јовановски во изминатите 6 месеци, со дозвола на судот, неколку пати бил хоспитализиран и му се дозволени сите, неопходни прегледи поврзани со неговата здравствена состојба. Истиот  за целиот овој период почнувајќи од 25. 07. 2022 година, со неколку прекини, па до денес е времено згрижен во соодветна клиника. Заради сето тоа судот апелира да не се манипулира со јавноста на „морбиден и монструозен“ начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на починат судија“, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Бојан Јовановски Основен кривичен суд Скопје реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.