Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основците и средношколците се вратија во училишните клупи

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, денеска започна новата учебна година.

Според претходните најави од Министерството за образование и наука (МОН) се очекува учебната 2018/2019 година да почне со ревидираните наставни планови за прво, второ и трето одделение.

За првачињата се предлага намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежбање на часовите наместо домашни задачи и редуцирање на тестовите.

МОН за новата учебна година ќе достави 22 коригирани учебника низ училиштата. Првпат од оваа учебна година сите учебници што МОН ги обезбедува бесплатно за учениците ќе можат да се најдат во слободна продажба со истата цена по која ги откупува Министерството.

МОН најави и дека сите ученици од прво, второ и трето одделение ќе имаат нови комплети учебници секоја учебна година.

Новата учебна година почнува и со повисоки плати за вработените во основното и во средното образование. Зголемувањето изнесува пет отсто, а ќе почнат да го добиваат со исплатата на септемвриската плата.

Апел за возачите да бидат внимателни

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) апелира до возачите внимателно да ги управуваат своите автомобили особено во зоните каде што има градинки и училишта. РСБСП на сите ученици им посакува успешна учебна година и ги потсетува безбедно, внимателно и одговорно да учествуваат во сообраќајот.

РСБСП ги потсетува возачите за секојдневната пракса во која децата неочекувано истрчуваат на улица, како и на законската обврска, во зона на училиште и градинка, да се намали брзината на движење и да се зголеми будноста и внимателноста.

– Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните, посочуваат од таму.

Во соопштението од РСБСП се наведува фактот дека повеќе од познат е фактот дека, деца помлади од 12 години, недоволно ја проценуваат оддалеченоста на автомобилите и потребното време да ја преминат улицата.

– Исто така, познато е дека децата знаат да бидат темпераментни и невнимателни. Децата влегуваат во една од ранливите групи учесници во сообраќајот, која е и најризична бидејќи децата се едниствените без животно и сообраќајно искуство и не ги разбираат опасностите што им се закануваат во сообраќајот! Затоа, грижата на возачите за нивното безбедно движење во сообраќајот, треба да биде максимална!, посочуваат од РСБСП.

РСБСП ги потсетува родителите дека личниот пример на децата на кој тие секојдневно се огледуваат и дека треба безусловно и целосно да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот.

– Стастистичките податоци покажуваат дека децата многу често страдаат во сообраќајни незгоди како патници. Во таа насока, РСБСП потсетува на законската обврска според која, деца кои немаат полни 12 години, не смеат да се превезуваат на предното седиште, како и за обврската за користење сигурносен појас на сите седишта и детско седиште за деца на возраст до 5 години (дури и тогаш кога возењето трае кратко), се посочува во соопштението.

Од РСБСП потенцираат дека секој одговорен родител, покрај останатите обврски, со почетокот на учебната година, должен е на своето дете да му го покаже и да му го повтори најбезбедниот пат од училиште до дома, да му посочи на детето за потенцијалните ризици и закани во сообраќајот и да му ги објасни и повтори најважните правила и прописи во сообраќајот. За дополнителна заштита на децата, во ноќни услови и во услови на намалена видливост, се препорачува носење светла облека, користење рефлектирачки материјали на облеката, училишните торби и слично.

РСБСП препорачува децата кои одат во училиште сами, без придружба на родител или на друго возрасно лице, да користат безбедни пешачки рути и секогаш да се движат по тротоарот. При преминување на улицата, секогаш да користат обележани пешачки премини, така што прво ќе погледнат лево, па десно и пак лево, пред да зачекорат на улицата. Секогаш да се присетуваат на советите од родителите и наставниците. Во населени места, да се движат по тротоар или по патека за пешаци. Доколку ја нема, тогаш треба да се движат што е можно поблиску до работ на коловозот.

– Учениците, кога патуваат со автобус, по излегувањето од автобусот, секогаш треба да почекаат прво да помине автобусот, па дури потоа да ја преминат улицата. Трчање на улица пред или зад автобусот е многу ризично и опасно. Децата треба да знаат дека, не смеат да излегуваат на улица кога се движат меѓу паркирани автомобили бидејќи се пониски од нив и возачите не можат да ги забележат пред да излезат на патот. Децата треба секогаш да бидат внимателни кога се движат на улица или по тротоар, се наведува во препораката од Републичкиот совет.

нова учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.