Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничениот за труењето на Скрипал идентификуван како агент на ГРУ

1
By Нова ТВ on September 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувачките новинари од Белингкет и нивниот партнер од руски Инсајдер објавија дека го откриле вистинскиот идентитет на еден од двајцата Руси кои беа осомничени за труењето со нервен агенс во Солзбери.

Нивната истрага покажала дека  човекот што бил именуван како Руслан Боширов всушност е полковникот Анатолиј Чепига, и дека  обајцата осомничени што се појавија на руска телевизија и рекоа дека биле туристи, всушност се тајни агенти на руската воено-разузнавачка служба позната како ГРУ.

Осомничениот кој имал документи со името Руслан Боширов всушност е полковникот Анатолиј Чепига, кој бил одликуван и со највисоката државна награда на Русија, Херој на Руската Федерација.

Идентитетот на осомничениот бил потврден од повеќе извори.Ова откритие го елиминира секој сомнеж дека двајцата осомничени во труењата со новичок всушност биле руски офицери што работеле на тајна владина мисија, пишува Белингкет.

Иако цивилите во Русија генерално можат да поседуваат повеќе од еден пасош, ниту еден цивил, па дури ни службеник од службата за разузнавање на лично патување – не смее да ја премине државната граница под лажен идентитет.

Белингкет уште пишува дека Чепига ја добил наградата „Херој на Руската Федерација“ со декрет од претседателот Путин.

Претседателот Путин јавно потврди дека „Боширов“ и „Петров“ се цивили. Бидејќи наградите „Херој на Руската Федерација“ вообичаено лично ги доделува рускиот претседател, многу е веројатно дека Владимир Путин бил запознаен со идентитетот на полковникот Чепига, со оглед на тоа што само неколкумина службеници ја добиваат оваа награда секоја година, пишува Белингкет.

За да потврдат дека Чепига е всушност Боширов кој е осомничен за труењето на Скрипал, новинарите на Белингкет и Инсајдер добиле извадоци од пасошот на Анатолиј Владимирович Чепига од два одделни извори со пристап до бази на податоци датирани пред 2014 година и споредувајќи ги со фотографијата од пасошот на „Боширов“ утврдиле дека се работи за ист човек.

Овој наод е во суштина спротивен на изјавата на Боширов, дадена во телевизиско интервју за руската државна мрежа РТ и тврдењата на претседателот Владимир Путин дека лицето за кое станува збор е само цивил по име Руслан Боширов. Овие откритија исто така ги  поткрепуваат тврдењата на властите на Велика Британија дека овој поединец бил соучесник во труењето и постапил по наредба од високо владино ниво во  Русија, пишува Белингкет.

Поранешниот шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервниот агенс новичок во март. Обајцата преживеаја, но Дон Старџес – жена што не е поврзана со првичниот напад – почина во јули откако беше изложена на истата супстанција.

Владата на Велика Британија ги обвини руските државјани Александар Петров и Руслан Боширов за нападот. Таа рече дека тие биле тајни офицери за руската воена разузнавачка служба, ГРУ.

Русија ги негираше обвинувањата, а претседателот Владимир Путин рече дека осомничените се цивили.

Двајцата потоа се појавија на руската државна телевизија тврдејќи дека биле туристи и дека го посетиле Солзбери за да ја видат неговата катедрала.

ГРУ новичок руски агенти Скрипал труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.