Латвискиот премиер Валдис Домбровскис ја објави својата оставка, а со тоа и падот на неговата влада, по смртоносниот колапс на супермаркетот во Рига .
Тој ја објави оваа одлука по состанокот со претседателот Андрис Берзинш, објавуваат латвиските медиуми.
“На земјата и треба Влада која е во состојба на решавање на ситуацијата која се појави”, беше цитирана неговата изјава од страна на балтичката новинска агенција Делфи.
Најмалку 54 лица загинаа кога се урна супермаркетот минатиот четврток.
Претседателот Берзинш ја опиша катастрофата во продавницата Максима, како “убиство” и повика странски експерти да испитаат што се случило.
Портпаролот на премиерот изјави за новинската агенција АФП во средата дека “владата презема политичка одговорност за трагедијата”.