Осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени денеска се појавија во Собранието каде што треба да имаат средба со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со министерката за правда Рената Тренеска Десковска.
Иако дел од нив се обвинети за настаните од 27 април и денеска беа на судењето, предмалку сите тие заедно се појавија во Собранието. На средбата ќе се разговара за нивните предлози како да се подобрат уставните амандмани во однос на македонскиот идентитет и јазик.
Во оваа група се пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмаиловска Старова и Елизабета Канческа Милевска која ќе биде кооринатор.
По средбата се очекуваат изјави.