Обединетите Нации го откажаа меѓународниот маратон во Газа откако владеачкиот Хамас не дозволи во трката да учествуваат жени.
Станува збор за третиот маратон, кој се одвива по целата должина на брегот, а оваа година се пријавиле 800 натпреварувачи од кои речиси половина жени, јавува Слободна Европа.
Агенцијата за бегалци на ОН реши да го откаже маратонот по одлуката на Хамас, кој владее со Газа од 2007 по борбите со Фатах.