Хрватскиот авиопревозник Кроација Eрлајнс најави откази на 42 члена на авионски персонал кои од 29 април до 2 мај масовно земаа боледувања, пишува Јутарњи лист.
Масовното земање на боледување во компанијата доведе до откажување на голем дел летови на авиокомпанијата.
Директорот на компанијата изјави дека во 42 случаи станувало збор за лажни боледувања, односно за прикриен штрајк, а сега се очекува извештај од инспекторите од здравствените установи кои им дале боледувања.