Огромен подземен комплекс полн со доселеници е откриен вчера во Москва. Уапсени се околу 200 имигранти претежно од Централна Азија, пренесува ЕнБиСи.
На снимките објавени од полицијата, се гледа еден мал посебен свет со соби, машини за шиење, кафулиња, кантини, па дури и казино. До 2009 година на истото место се наоѓал трговски центар.
Москва привлекува милиони имигранти од земјите на поранешниот Советски Сојуз, кои завршиле во сиромаштија по колапсот на СССР во 1991 година. Само 9 милиони доселеници-работници влегле во Русија во 2011 година.