Италијанскиот весник „Република“, ги пренесува сомневањата зошто Папата Бенедикт 16-ти решил да се повлече од функцијата.
Споед весникот, причина е тоа што „внатрешна истрага ги разоткрила димензиите на секс-скандалите и корупција во Ватикан.“.
Тројца кардинали ги провериле тврдењата за финансиски неправилности, назначување на лица на високи функции и корупција во Ватикан, па по истрагата на Папата му дале две кожени црвени папки со извештај на 300 страници меѓу кои биле сместени сите неправилности во Ватикан.
Како што пренесува „Република“, откако се запознал со документите во папките, Папата решил да слезе од Светиот престол.
Иако Папата долго време размислувал да се повлече од функцијата поради здравствени проблеми, овие документи имале пресудно значење во неговата одлука.
Документите, кои му биле предадени на папата, биле во врска со нарушување на шестата и седмата Божја заповед кои гласат “Не прави прељуба“, “Не кради“, рекол за “Република“, добро упатен извор.
„Република“ пренесува и дека, кардиналите откриле и тајна мрежа на хомосексуалци во Ватикан.