Дејан Трајковски: Изборите треба да ги организира техничка влада, без разлика на тоа која партија во моментот е на власт. Тоа е единствениот механизам што барем делумно обезбедува рамен и фер терен за сите учесници во изборната трка. Во спротивно, секоја влада доаѓа во искушение да ги користи институциите, државните ресурси и влијанието од позиција на власт во своја корист.
Отпорот кон техничка влада не е само прашање на принцип, туку и јасен сигнал за намерата да задржат нефер предност и да преземат предизборни манипулации. Тие што се против вакво решение всушност признаваат дека не веруваат во фер изборен процес, ниту пак им треба истиот, доколку немаат контрола врз него.
Од такви позиции навистина треба да се срамат. А граѓаните нека бидат свесни со какви луѓе и политички партии имаат работа.
Извор: Фејсбук




